
Во сообраќајна несреќа што се случила на 1 мај 2026 година околу 19:00 часот во село Куклиш, струмичко, тешко е повреден мотоциклист, соопшти МВР.
Според пријавеното, З.А. (27) од селото управувал мотоцикл без регистарски ознаки кога изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струмица.
Извор: skopje1.mk

