Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Аксиос: Трамп започна операција во Ормуската Теснина

4 мај 2026

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

4 мај 2026

Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

4 мај 2026

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај долгогодишните кампањи, бројот на пушачи во светот останува висок, а здравствените последици се сериозни. Истражување објавено во „Nature“ предупредува дека традиционалните стратегии не се доволни за да се постигне значително намалување на пушењето.



Во анализата се посочува дека алтернативните никотински производи, како никотинските ќесички и вејповите, можат да имаат важна улога во забрзување на овој процес. Според експертите, нивната поширока употреба би можела да придонесе за создавање на свет со значително помалку пушачи во наредните децении.

„Десетици докази покажуваат дека изложеноста на чадот од согорувањето – а не никотинот – е тоа што ги предизвикува болестите поврзани со употребата на тутун“, вели авторот на истражувањето Роберт Биглхол, лекар за јавно здравје од Нов Зеланд и поранешен директор во Светската здравствена организација.

Светските медиуми пишуваат дека студијата укажува на сè поголеми докази дека алтернативните производи се значително помалку штетни од цигарите и можат да го забрзаат откажувањето од пушење во голем обем. Земјите што ги прифатиле овие алтернативи, вклучувајќи ги Шведска, Нов Зеланд, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, забележале едни од најбрзите падови на стапките на пушење.

„Брзата појава на регулирани незапаливи (без чад) никотински производи создаде историска можност за забрзување на крајот на епидемијата на пушење“, се наведува во извештајот.

Извештајот поставувa aмбициозна, но остварлива глобална цел за намалување на преваленцата на пушење под 5% до 2040 година, но само ако се обезбеди широк пристап до алтернативните никотински производи преку стратегиите за контрола на тутунот. Според очекувањата, без таков пресврт напредокот ќе остане премногу бавен, а сегашните трендови сугерираат дека Европската Унија нема да достигне статусот „без чад“ до крајот на векот.

Студијата повикува на построги контроли и повисоки даноци на цигарите, но достапност до помалку штетните никотински производи. Исто така, се бара појасна јавна комуникација за да се исправат широко распространетите погрешни перцепции за релативните ризици од никотинските производи.

„Научните докази, алатките на политиката и искуството од реалниот свет се потребни за да се стави крај на глобалната епидемија на пушење која сега постои. Она што останува ограничено е политичката подготвеност целосно да се интегрира стратегијата на намалувањето на штетите од тутунот во глобалната контрола на тутунот“, се заклучува во извештајот.

Во одредени европски земји, меѓу кои и Македонија, сепак силно ќе се ограничи употребата на алтернативните никотински производи. Со предложениот нов Закон за заштита од пушење дури ќе се забрани и продажбата на никотинските ќесички кои имаат вкусови, како и нивното изложување, иако во голем дел од светот на нив се гледа како на ефикасно средство за откажување од далеку поштетните цигари.

Агенцијата за храна и лекови на САД ги дозволи никотинските ќесички за широка употреба на пазарот, а според Мери Хривна, вонреден професор на Факултетот за јавно здравје Рутгерс и основач на Институтот за студии за никотин и тутун, одлуката на ФДА сугерира дека ќесичките им овозможуваат на корисниците да ги откажат цигарите.

„ФДА очигледно заклучила дека придобивките од јавното здравје ги надминуваат ризиците. Знаеме дека никотинските ќесички содржат многу, многу помалку штетни состојки во споредба со традиционалните тутунски производи. Вкупниот број на хемикалии е сè уште многу помал од оној што обично се наоѓа во чадот од цигарите – кој може да содржи повеќе од 7.000 хемикалии“ вели професорката Хривна.

Сличен став сподели и Кристин Делнево, доктор на науки и магистер по јавно здравје од Универзитетот во Њу Џерси.

„Тековната и дневна употреба на никотински ќесички беше највисока кај возрасните кои неодамна се откажаа од друг производ. Нашите резултати сугерираат дека возрасните веројатно користат никотински ќесички за намалување на штетите, со оглед на тоа што употребата на ќесичките е највисока кај оние кои неодамна се откажале од друг тутунски производ или електронски цигари“, оценува Делнево.

Универзитетскиот колеџ во Лондон пак, спроведе петгодишно истражување, од 2020 до 2025 година, кое опфатило над сто илјади учесници. Анализата објавена во медицинското списание „Лансет“ истакнува дека законите треба да ги минимизираат ризиците за младите луѓе, но без да го поткопаат потенцијалот што ќесичките би можеле да го имаат за намалување на штетата поврзана со пушењето на цигари.

„Пронајдовме докази дека никотинските ќесички се користат сè повеќе при обиди за престанок или намалување на пушењето. Употребата на ќесички како помош за престанок со пушење се зголеми тројно во текот на периодот на студијата“, пишува во анализата.

„Клучно е да се постигне правилна рамнотежа, да се обесхрабри употребата кај младите луѓе, без да се ограничат ќесичките толку многу што луѓето ќе бидат вратени кон поштетни производи како цигарите“, вели д-р Татан-Бирч која е автор на студијата.

Во анализата се додава дека една од предностите на никотинските ќесички е употребата на места каде што пушењето е забрането, што би можело да одрази одредена замена за пушење во ограничени услови.



Поврзани содржини

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

4 мај 2026

Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026
НАЈНОВО

Аксиос: Трамп започна операција во Ормуската Теснина

4 мај 2026

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

4 мај 2026

Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

4 мај 2026

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.