Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026

Само Вучиќ, насекаде Вучиќ: Дојче Веле за тоа како српската влада се однесува кон медиумскиот простор

4 мај 2026

Пожарот во Визбегово е под контрола, се запалила машина за мелење железо, велат од ЦУК

4 мај 2026

Макрон доби кучешко добредојде во Ереван (ВИДЕО)

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Мицкоски сфати дека мора да го апси Груевски

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта, се наведува во соопштението од СДСМ



Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ“.

Се разбира, тоа е само маска.

Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба.

Мицкоски ги исчисти сите потпретседатели во партијата, чувајќи ја фотелјата за Груевски.

Сè уште не му ги заврши поништувањата на судските процеси, а сега гледа можност од позицијата на „чувар на фотелјата“ да ја преземе целосната власт во партијата.

Веќе не му е ниту Николоски пречка, против него води кампања цело време.

Мицкоски не го апси Груевски затоа што сака правда. Тој сака го апси за да ја обезбеди својата власт и да ја продолжи кражбатаГраѓаните кои сè уште му веруват треба да знаат: Мицкоски не е нивен заштитник. Тој е човекот кој е подготвен да го жртвува и Груевски за да ја задржи фотелјата.

Најголемиот предавник во Македонија е Мицкоски.

Ги предаде своите гласачи ветувајќи укинување на Преспанскиот Договор, враќање на името, сега ќе го жртвува својот политички татко Груевски и на крај ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Мицкоски и оваа криминална група работат по примерот на најголемиот пропагандист на дваесеттиот век Гебелс, кој рекол: „Обвини го противникот за она што самиот го правиш.“

Ова служи за да се создаде конфузија, да се збуни јавноста и да се префрли вината пред да се открие вистинската намера.

Вториот дел од учењето на Гебелс, кој Мицкоски го спроведува преку Орбановите медиуми, е ширење дезинформации и страшна поделба на граѓаните предизвикана од омраза преку медиумска пропаганда.

Целта на пропагандата што ја водат не е само да се верува во лагата, туку да се уништи способноста на луѓето да ја разликуваат вистината.

Доаѓа времето на вистината!



Поврзани содржини

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026

Пожарот во Визбегово е под контрола, се запалила машина за мелење железо, велат од ЦУК

4 мај 2026

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026
НАЈНОВО

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026

Само Вучиќ, насекаде Вучиќ: Дојче Веле за тоа како српската влада се однесува кон медиумскиот простор

4 мај 2026

Пожарот во Визбегово е под контрола, се запалила машина за мелење железо, велат од ЦУК

4 мај 2026

Макрон доби кучешко добредојде во Ереван (ВИДЕО)

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.