Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кувајт не го доживеал ова 36 години: Бројката на крајот на април беше – нула

5 мај 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

5 мај 2026

Звукот на привикнувањето

4 мај 2026

Двајца загинати откако автомобил се заби во луѓе во германскиот град Лајпциг

4 мај 2026

Битолчанец приведен во сообраќајна контрола, возел без возачка дозвола

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 5
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судот во Охрид го врати детето на мајката Невена

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



По четири години судски и институционални контроверзии, Основниот суд во Охрид донесе нова пресуда со која малолетното дете ѝ се доверува на мајката Невена Спасеска, пишува А1он.мк.

Пресвртот дојде откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда на охридскиот судија Ефтим Попески и на судијката Жаклина Доведен од битолска Апелација, а со која старателството на детето го дадоа на таткото.

Охридскиот суд во повторена постапка и со нова судијка, Илсен Салиоска Патилоска оцени дека во најдобар интерес на детето е да остане кај мајката, земајќи ги предвид емоционалната поврзаност, континуитетот на грижата и возраста на детето, аргументите и насоките од Врховниот суд.

Таткото, според одлуката има право на редовни контакти и обврска за месечна издршка.

Таткото поднесе жалба на најновата одлука, со што предметот се враќа пред Апелациониот суд во Битола. Клучниот момент е што за предметот повторно ќе одлучува судијката Жаклина Доведен – актуелна престедателка на Апелациониот суд во Битола која претходно, во постапка меѓу истите странки, донесе одлука со која детето го довери на таткото. Поради низа пропусти од нејзина страна, одлуката падна на Врховен суд.

Правниот тим на мајката, официјално веќе побара изземање на судијката Доведен од одлучувањето. Во барањето се наведува дека таа претходно „постапувала несовесно и пристрасно“ во истиот предмет, што ја доведува во прашање нејзината објективност во повторената постапка.

Барањето не е само процесна тактика на правниот тим, туку се темели на веќе констатирани незаконски одлуки на Жаклина Доведен во претходното постапување.

Судскиот совет со одлука потврди дека Доведен постапила незаконски кога смени судијка во Судечкиот совет и постави кривичен судија ден пред пресудата, кој немаше ниту време да го прочита предметот пред да гласа. Со тоа голем е сомнежот дека ја фиксирала пресудата во корист на таткото.

Дополнително, Судскиот совет во Скопје, се изјасни дека Жаклина Доведен иако морала да им дозволи увид во предметот на адвокатите на мајката Спасеска, таа го одбивала тоа.

Токму оваа судијка е сега претседател на Апелациониот суд во Битола и треба повторно да одлучува за петгодишното дете. Пред неа се два одлуки-или сама ќе се изземе или за барањето за изземање ќе одлучува Врховниот суд.



Поврзани содржини

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

5 мај 2026

Звукот на привикнувањето

4 мај 2026

Битолчанец приведен во сообраќајна контрола, возел без возачка дозвола

4 мај 2026
НАЈНОВО

Кувајт не го доживеал ова 36 години: Бројката на крајот на април беше – нула

5 мај 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

5 мај 2026

Звукот на привикнувањето

4 мај 2026

Двајца загинати откако автомобил се заби во луѓе во германскиот град Лајпциг

4 мај 2026

Битолчанец приведен во сообраќајна контрола, возел без возачка дозвола

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.