Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026

Мицкоски: Очекуваме дополнително заострување на односите со Бугарија

4 мај 2026

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина

4 мај 2026

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Турција и натаму е една од најпосетените дестинации

4 мај 2026

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судење за „Пулс“: Одбраната на Дејан Јованов побара исклучување на јавноста, судијката одби

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник.



На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме”.Коцевска, пред почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица, реагираше и на, како што кажа „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон” на Обвинителството, кое, како што рече, по службена должност требала да поведе постапка по изнесените закани по живот.

– Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста, со оглед дека Судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите – рече Коцевска.

Судијката Дијана Груевска Илиевска, нагласи дека досега ниту една закана не е нотирана на записник, без разлика од која страна е.

– Прво ќе се опоменува, потоа ќе се исклучува и казнува. Се знае кога се исклучува јавноста, а тие во овој период не се јавност, туку оштетени во постапката. Ако има потреба може индивидуално да се исклучува – изјави судијката.

Обвинителството, реагираше на предлогот, посочувајќи дека се знае кога и во кои околност се исклучува јавноста.

-Предлот е целосно неоснован, како незаконит. Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките и оштетените.

Во однос на гонењето по службена должност, обвинителката рече дека веројатно станува збор за забуна и треба да има предвид интензитетот на заканите и реалната можност за остварување.-Во конкретниот случај беше правилно постапено од Судот, и беше изречена усна опомена – изјави обвинителката.

Одбраната на Јане Јанчевски и Мартин Георгиев на почетокот, исто така, изнесе барање за укинување на мерката куќен притвор, посочувајќи дека повеќе не опстојуваат причините за неговото определување.

Судот пред почетокот на денешната расправа информираше дека се одбиваат како неосновани барањата за укинување на мерките за обезбедување на Беким Хаџиу и Тодор Јованов.

Обвинителството на почетокот на денешното рочиште информираше дека добиле изјава од родителот на Дарио Трифунов, во која се вели дека неговиот син е во странство и нема да може да присуствува на денешното судење, како и во блиска иднина, а притоа, како што беше посочено, не остава никаква информација како да се контактира.

– Затоа предлагаме да се чита неговиот исказ, бидејќи ова лице како сведок е недостапно на органите на прогон – кажаа од Обвинителството.

Судот информираше дека, добиле известување од МВР дека и сведокот Александра Пепеларовска не е достапна на органите на прогон.

Денешната расправа продолжува си сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

Обвинителството на минатото рочиште ги изведе обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите, како и медицинска документација и податоци за повредените кои се јавиле за укажување на медицинска помош по пожарот во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.

На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи “пуштете го, ние да му пресудиме”.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители



Поврзани содржини

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026

Мицкоски: Очекуваме дополнително заострување на односите со Бугарија

4 мај 2026

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026
НАЈНОВО

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026

Мицкоски: Очекуваме дополнително заострување на односите со Бугарија

4 мај 2026

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина

4 мај 2026

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Турција и натаму е една од најпосетените дестинации

4 мај 2026

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.