Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Аксиос: Трамп започна операција во Ормуската Теснина

4 мај 2026

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

4 мај 2026

Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

4 мај 2026

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Турција и натаму е една од најпосетените дестинации

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Овие резултати се остварени во услови на комплексни геополитички случувања, кои имаат негативно влијание на туристичкиот сектор.

Анталија

„Минатата година се соочивме со слични глобални случувања и регионални неизвесности. И покрај тоа, ја завршивме 2025 година со 64 милиони посетители и туристички приходи од 65,2 милијарди долари. Бројките јасно покажуваат дека Турција не е само силна дестинација во туризмот, туку поседува и висок капацитет за управување со кризи. Ќе продолжиме по нашиот пат оваа година со истата решителност и искуството што го стекнавме“, истакна министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој.

За постигнувањето на планираните резултати се очекува да придонесат и бројните културни и спортски настани што ќе се одржат во Турција, особено во Истанбул. Овие големи настани го зајакнуваат угледот на земјата како сигурна и привлечна глобална туристичка дестинација.

Музејот во Ефес, Измир

„Истанбул ќе се врати во календарот на Формула 1 со Големата награда на Турција од 2027 година. Финалето на УЕФА Лигата на Европа ќе се игра во Истанбул на 20 мај. Стадионите и концертните сали во Истанбул се домаќини на настапи на меѓународни ѕвезди, а гледаме десетици илјади европски, руски, блискоисточни и азиски посетители како доаѓаат во нашата земја за да присуствуваат на овие настани“, додаде министерот Ерсој.

Во првите три месеци од годината, „просечната потрошувачка по ноќ од посетителите“ во Турција изнесува 102 американски долари, што претставува зголемување од 2,8%, во однос на 2025, кога изнесуваше 99 американски долари. Во првиот квартал од 2026 година, најважните пазари за Турција биле Германија, Руската Федерација и Бугарија, со  678.000 германски посетители, 651.000 руски туристи и 539.000 посетители од Бугарија.

(Комерцијален текст)

Поврзани содржини

Само Вучиќ, насекаде Вучиќ: Дојче Веле за тоа како српската влада се однесува кон медиумскиот простор

4 мај 2026

Спиропали ја загрозува политичката иднина на Рама во Албанија

4 мај 2026

Србија купува рекордна количина злато од кинеска компанија

4 мај 2026
НАЈНОВО

Аксиос: Трамп започна операција во Ормуската Теснина

4 мај 2026

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

4 мај 2026

Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

4 мај 2026

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови

4 мај 2026

Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.