Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

6 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња

Press OnlineBy Press Online6 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите права како и сите други граѓани.



-Пред Уставниот суд основано се постави прашањето дека со оспорената одредба се прави разлика меѓу деца родени во државата и деца родени во странство, иако и едните и другите имаат родители државјани на Република Северна Македонија. Според Судот, самото место на раѓање не може да биде основ за ограничување на право кое им припаѓа на државјани по сосема друг основ, односно по потекло – стои во соопштението од Уставен суд.

Во таа насока, Судот изрази сомнеж дека Законодавецот без легитимно и разумно оправдување ги става во понеповолна положба децата родени надвор од државата, со што се повредува уставното начело на еднаквост, но и индиректно се навлегува во слободата на движење на граѓаните.

Судот, земајќи претпоставена ситуација изрази сомнеж во неуставноста на одредбата, односно секоја бремена жена има право слободно да патува согласно својата здравствена состојба, а раѓањето во странство може да биде резултат и на непланирани или предвремени околности, без притоа да постои намера за трајно иселување. Токму затоа, Уставниот суд цени дека местото на раѓање не смее да биде критериум за нееднаков третман на децата на македонски државјани.

Во врска со предметот У.бр. 93/2025 Судот, информира ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/2025).

-Судот по ова прашање веќе одлучуваше на седницата одржана на 18 февруари 2026 година. Согласно член 38 од Актот, Судот оцени дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата, информираат од Уставен суд. Подносител на иницијативата, е Илија Ивановски од Република Србија.



Поврзани содржини

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026
НАЈНОВО

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

6 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.