Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

6 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Герасимовки на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година

Press OnlineBy Press Online6 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната средба со директорите на сите осум центарски основни училишта ги прецизираа клучните политики од областа на образованието што ќе се реализираат во наредната учебна година.



На средбата беше договорен сеопфатен план, со конкретни мерки насочени кон подобрување на условите за учениците.

Една од најзначајните новини е воведувањето бесплатна храна за сите ученици во целодневната настава. Почнувајќи од септември 2026 година, трошоците за оброците целосно ќе ги покрива локалната самоуправа, што значи дека родителите нема да имаат никакви финансиски обврски за исхраната на своите деца во училиштата.

„Продолжуваме и наредната година со успешниот проект училишни униформи за учениците од сите одделенија, со цел да поттикнеме еднаквост, дисциплина и чувство на припадност“, истакна градоначалникот на средбата.

За учениците од 4. до 9. одделение, општината целосно ќе финансира по една неколкудневна екскурзија. Проектот „Ја сакам Македонија“ има за цел учениците да ги запознаат убавините на татковината, да стекнат нови искуства и да изградат посилна врска со земјата.

Дополнително, предвидено е зголемување на стипендиите за талентирани ученици за 50%, а директорите ја поддржаа и мерката за менторско учење и дополнителни часови, наменета за децата кои имаат потреба од дополнителна поддршка, но и за талентираните ученици кои се подготвуваат за натпревари.

„Со овие мерки, Општина Центар јасно покажува дека вложувањето во образованието значи вложување во иднината. Секое дете треба да има еднаква шанса, поддршка и услови за раст и напредок“, истакна Герасимовски.



Поврзани содржини

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026
НАЈНОВО

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

6 мај 2026

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

6 мај 2026

Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет

6 мај 2026

СДСМ: Министерството за правда да одговори дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

6 мај 2026

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

6 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.