Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори.
Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса.
Израел изразува загриженост поради евентуалните американски отстапки за постигнување на договор за завршување на војната. Исто така, Израел е против евентуално укинување на економските санкции кон Иран.
Претходно, началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир денеска изјави дека доколку е потребно војската е подготвена да почне нова офанзива против Иран.
Тој истакна дека израелската армија во координација со САД, има список на цели подготвени за напад во Иран.

