Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Од Радев се чека да ја демонтира корупцијата, дилемата е – дали ќе сака?

6 мај 2026

Определени мерки на претпазливост за малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

6 мај 2026

Забраната за употреба на мобилни телефони во американските училишта не ги подобри резултатите од тестовите на учениците

6 мај 2026

Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

6 мај 2026

Кои европски земји имаат најзагаден воздух? Македонија во црвено!

6 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 6
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Станишљевиќ: Рудниците носат трајно загадување – државата да се фокусира на земјоделството

Press OnlineBy Press Online6 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Рудниците, особено оние за експлоатација на метали, претставуваат сериозен и долгорочен ризик за животната средина и здравјето на граѓаните, предупредува Горан Станишљевиќ од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“.

Во гостување во емисијата „Директно“ на Телма, тој изрази остар протест против најавените измени на Законот за минерални суровини, кои се носат по скратена постапка и имаат за цел да го забрзаат процесот на отворање нови рудници.

Според Станишљевиќ, ваквиот пристап отвора сомнежи дека зад измените стојат бизнис интереси кои се туркаат „преку ред“, без доволно внимание кон последиците врз животната средина.

„Секој рудник е голем загадувач, а кај рудниците за метали ситуацијата е уште посериозна. Опасниот отпад останува трајно кај локалното население, дури и откако рудникот ќе престане со работа“, истакна тој.

Тој нагласува дека скратувањето на процедурите не значи подобра ефикасност за граѓаните, туку олеснување за профитот на инвеститорите.

„Кога некому ќе му дозволите да копа и да уништува, тоа е ‘ефикасно’ само за профитот, а не за народот“, додава Станишљевиќ.

Во својата анализа, тој прави разлика меѓу рудниците за неметали и оние за метали. Додека првите предизвикуваат локализирани проблеми, како прашина, рудниците за метали ги оценува како деструктивни за природата и здравјето.

Посебно загрижувачки, според него, е проблемот со јаловиштата и опасниот отпад, кој останува и по затворањето на рудниците.

„Сопствениците ќе си заминат, а јаловиштето, кое бара постојано одржување, останува на товар на локалната власт и граѓаните“, предупредува тој.

Станишљевиќ ја отфрла и тезата дека рудниците се неопходни за економски развој на државата, посочувајќи дека постојат алтернативи со далеку помал ризик.

Како клучна можност за развој, тој го издвојува земјоделството, сектор во кој Македонија има традиција, но кој, како што вели, не е доволно искористен.

„Македонија е позната по земјоделските производи, а сепак увезуваме храна. Наместо да форсираме рудници, треба да инвестираме во производство и извоз на храна“, заклучува Станишљевиќ.

Извор: fokus.mk



Поврзани содржини

Определени мерки на претпазливост за малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

6 мај 2026

Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

6 мај 2026

Алијанса на Таравари го охрабрува Мицкоски веднаш да распише предвремени парламентарни избори

6 мај 2026
НАЈНОВО

Од Радев се чека да ја демонтира корупцијата, дилемата е – дали ќе сака?

6 мај 2026

Определени мерки на претпазливост за малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

6 мај 2026

Забраната за употреба на мобилни телефони во американските училишта не ги подобри резултатите од тестовите на учениците

6 мај 2026

Димитријевиќ: Мицкоски бара избори поради страв од истрагите по падот на Орбан

6 мај 2026

Кои европски земји имаат најзагаден воздух? Македонија во црвено!

6 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.