Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

8 мај 2026

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато

7 мај 2026

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

7 мај 2026

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека Берлин ја поддржува целта на САД да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје и оцени дека досегашните американски акции значително ги ослабнаа иранските ракетни капацитети.

Во интервју за Блумберг, Вадефул рече дека односите меѓу Берлин и Вашингтон, и покрај несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц, се уште се стабилни, оценувајќи дека тоа е „големо недоразбирање“ што ги предизвикало сегашните тензии.

„На крајот од овој конфликт, мора да биде јасно дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, рече Вадефул.

Тој изјави дека е во постојан контакт со американскиот државен секретар Марко Рубио и верува дека двете страни ќе најдат заедничко решение.

Истовремено, Вадефул рече дека Германија го поддржува американскиот план за намалување на военото присуство во Европа, но предупреди дека повлекувањето на американските ракетни системи може да ја ослабне одбранбената способност на НАТО во однос на Русија.

„Ни требаат тука за да ставиме до знаење дека постои одвраќање“, рече германскиот министер.

Тој додаде дека Германија останува посветена на зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП, во согласност со договорите во рамките на НАТО.

Коментирајќи ги односите во рамките на Алијансата, Вадефул оцени дека НАТО е „посилен од кога било“, наведувајќи дека се подготвува самит во Турција во јули.

„Алијансата е најуспешната одбранбена алијанса во светот и ние ќе ја браниме со сите средства“, рече тој.

Зборувајќи за Европската Унија, Вадефул нагласи дека е потребно да се забрза донесувањето одлуки и да се овозможи поголема флексибилност во донесувањето одлуки, особено во областа на безбедноста и одбраната, вклучително и укинувањето на правилото за едногласност. 

Поврзани содржини

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато

7 мај 2026

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

7 мај 2026

Федерален судија објави наводна проштална белешка на Џефри Епштајн

7 мај 2026
НАЈНОВО

Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

8 мај 2026

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато

7 мај 2026

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

7 мај 2026

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.