Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

8 мај 2026

Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

8 мај 2026

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато

7 мај 2026

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

7 мај 2026

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Микробиологот и професор Никола Пановски за Фокус вели дека нема простор за паника околу Хантавирусот за кој деновиве се пишува на социјалните мрежи и во медиумите, посочувајќи дека не станува збор за нов вирус и дека ризикот за населението е многу мал.

 

„Вирусот е опасен за тие што се заразени, но за населението генерално нема опасност. Не се пренесува лесно од човек на човек, такви случаи се многу ретки. Самиот вирус не е нов, постои со децении и во светот има околу 150.000 случаи годишно“, вели Пановски.

Тој додава дека случајот е интересен за јавноста бидејќи бил регистриран на крузер, но според него тоа не значи дека има нова закана.

 

„Во Аргентина годинава има повеќе од сто случаи на копното. Ова што се случило на брод е необично само по местото каде што е регистрирано“, посочува тој.

 

Според Пановски, најголем ризик постои во средини каде што има заразени глодари.

 

„Кога глодарите се инфицирани, се создава жариште. Луѓето може да се заразат преку прашина во подруми, гаражи и затворени простории каде што престојувале глодари. Затоа најризични се тие што работат во такви услови“, објаснува тој.

 

Пановски потсетува дека во минатото имало вакви случаи и на просторите на поранешна Југославија, но додава дека во Македонија со децении нема регистрирани случаи.

 

„Тоа не значи дека не може да се појави, но нема никаква врска со ова што се случува во Јужна Америка“, нагласува тој.

 

Во однос на мутациите, Пановски вели дека вирусот не мутира брзо.

 

„Постои одамна, повеќе од 30 години. Мутацијата не е главната причина за болеста“, додава тој.

 

Тој потврдува дека постои вакцина, но смета дека нема потреба од нејзина широка употреба.

 

„Постојат други методи за спречување – дератизација, следење на заразени глодари и преземање заштитни мерки“, вели Пановски.

 

За информациите што се шират на социјалните мрежи, Пановски апелира граѓаните да не креваат паника.

 

„Оваа болест постои со години и секоја година има илјадници случаи. Необично е само што случајот е поврзан со крузер“, заклучува тој.

 

Досега од опасниот вирус починаа три лица – холандска брачна двојка и еден германски државјанин, додека бројот на заразени и лица под надзор расте во повеќе држави низ светот.

 

Првите претпоставки се дека инфекцијата започнала уште во Аргентина, од каде што бродот исплови на 1 април.Истражувачите веруваат дека станува збор за реткиот „андески сој“ на хантавирус, кој, за разлика од обичните видови што се пренесуваат исклучиво преку глодари, има способност да се пренесува и од човек на човек при близок контакт.

 

И покрај драматичните сцени и високата стапка на смртност (која според СЗО може да достигне до 40 отсто кај овој сој), експертите категорично предупредуваат дека ситуацијата не смее да се споредува со пандемијата на коронавирусот.



Поврзани содржини

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

8 мај 2026

Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

8 мај 2026

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

7 мај 2026
НАЈНОВО

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

8 мај 2026

Пензионер украл паричник од врсник во Гостиварската болница

8 мај 2026

Унгарија ѝ ги врати на Украина запленетите пари и злато

7 мај 2026

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

7 мај 2026

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.