Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

9 мај 2026

Најтајното училиште за шпиони во Русија предава хакирање и мешање во избори

9 мај 2026

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

9 мај 2026

Кина бара отворање на Ормускиот теснец по нападот врз нивен танкер

9 мај 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, на денешната прес-конференција упати остри обвинувања до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за континуирано лажење на граѓаните во врска со Преспанскиот договор и употребата на уставното име на државата.

Жерновски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ води нова кампања со која, спротивно на вистината, тврди дека ниту Мицкоски, ниту партијата некогаш ветиле поништување на Преспанскиот договор или враќање на старото име.

„Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажејќи ги граѓаните дека ќе го направи спротивното од тоа денеска што го прави. Целата кариера ја изгради врз основа на лагата дека кога ќе дојде на власт ќе го поништи Преспанскиот договор“, изјави Жерновски.

Тој го потсети Мицкоски на неговите изјави дадени додека беше во опозиција, како што се: „Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа“, „Ќе го менуваме Преспанскиот договор“ и ветувањето дека ако стане премиер, никогаш нема да каже „Северна“, во спротивно да му го одземат мандатот.

„Токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа Северна толку силно што уште одзвонува во салата на Собранието“, рече Жерновски, додавајќи дека и претседателката на државата во нејзиниот говор во Обединетите нации го употребила името „Северна“ повеќе отколку целата претходна влада.

Според Жерновски, Мицкоски на фаќањето во лага одговара со нова лага, посочувајќи го како пример предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за закон за двојно државјанство, кој се однесувал само на идниот пратенички состав. Откако СДСМ предложил поодговорно решение – ниту еден член на Влада или именуван функционер да нема двојно државјанство, Мицкоски се повлекол под изговор за консултации со експерти за Уставот.

„Кој Устав сега го проверувате? Оној вашиот македонскиот или оној вашиот бугарскиот? Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е партија којашто патриотизмот го користи во популистички цели, а во позадина вадат бугарски државјанства. Не може да се создаваат намерни конфликти со Бугарија, на тоа да се печалат патриотски политички поени, а во позадина да се живее и да се патува со бугарски пасош“, обвини Жерновски.

Тој заклучи дека „најголема закана за нашиот идентитет всушност е самата ВМРО“, која со лажниот патриотизам секојдневно ги уништува позициите на државата, и најави дека СДСМ ќе продолжи да ја открива вистината.

Поврзани содржини

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

9 мај 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

9 мај 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

9 мај 2026
НАЈНОВО

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

9 мај 2026

Најтајното училиште за шпиони во Русија предава хакирање и мешање во избори

9 мај 2026

Филипче: Следната недела СДСМ го промовира новиот закон за борба против корупцијата       

9 мај 2026

Кина бара отворање на Ормускиот теснец по нападот врз нивен танкер

9 мај 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.