Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

9 мај 2026

14-те научници и колонија пингвини кои се борат за Украина

9 мај 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

9 мај 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

9 мај 2026

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високиот антикорупциски суд на Украина не продолжи дел од претходно изречените ограничувања за лидерката на партијата „Баткившчина“ (Татковина) и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која е осомничена во предмет поврзан со наводно поткупување пратеници во Врховната рада.

Според украинските медиуми, судот ѝ го вратил пасошот на Тимошенко и ѝ овозможил да го напушта Киев, како и да патува во странство доколку патувањата се поврзани со нејзините парламентарни и политички активности. Истовремено, судот ја остави во сила обврската таа да се јавува на секој повик од истражител, обвинител или суд, како и да ги известува надлежните органи за промена на местото на живеење или работа.

Украинските медиуми наведуваат дека одлуката е донесена на 7 мај, а процесните обврски остануваат во сила до 7 јули, во рамките на рокот предвиден за предистражната постапка. Претставници на партијата „Баткившчина“ соопштија дека на Тимошенко ѝ е овозможено послободно движење поврзано со политичките обврски.

Коментирајќи ја одлуката, Тимошенко оцени дека станува збор за уште еден чекор кон победа, тврдејќи дека случајот против неа се распаѓа и дека има политичка заднина. Таа претходно ги отфрли обвиненијата, нарекувајќи ги провокација и политички мотивиран прогон.

Националното антикорупциско биро на Украина и Специјализираното антикорупциско обвинителство во јануари соопштија дека Тимошенко е осомничена во случај поврзан со наводна понуда на незаконска корист за пратеници. Според истрагата, не станувало збор за еднократен договор, туку за наводен механизам на соработка што подразбирал насоки за гласање и финансиски надомест. Ројтерс тогаш објави, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, дека истрагата се однесува токму на Тимошенко.

Високиот антикорупциски суд на 16 јануари одреди кауција од повеќе од 33 милиони гривни и воведе низа ограничувања, меѓу кои забрана за напуштање на Киевската област без дозвола и ограничување на комуникацијата со одредени пратеници. Според украинските медиуми, кауцијата во меѓувреме била уплатена.

Одделно од постапката во Украина, руските правосудни органи претходно покренаа постапка против Тимошенко во отсуство, во предмет поврзан со наводно ширење лажни информации за руските вооружени сили. 

Поврзани содржини

14-те научници и колонија пингвини кои се борат за Украина

9 мај 2026

Кој ќе дојде на парадата на Путин утре за Денот на победата?

8 мај 2026

Бомба експлодира во штабот на партијата на холандскиот премиер, Д66

8 мај 2026
НАЈНОВО

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

9 мај 2026

14-те научници и колонија пингвини кои се борат за Украина

9 мај 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

9 мај 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

9 мај 2026

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.