Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Доаѓа нов студен бран од вторник

10 мај 2026

Автомобил удрил во двајца пешаци во Скопје, жена тешко повредена

10 мај 2026

Google значително погрешно ги прикажал емисиите на јаглерод од дата центрите

10 мај 2026

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

10 мај 2026

Пентагон ги објави првите снимки со НЛО

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Цеков за „Фокус“: Немам контакт со Заев, ќе делувам независно – јас не влегов во политиката за функции!

Press OnlineBy Press Online10 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Пратеникот Миле Цеков, кој на последните парламентарни избори стана пратеник како носител на пратеничката листа на ЗНАМ во четвртата струмичко-прилепска изборна единица, одлучи да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, а со тоа и парламентарното мнозинство, најавувајќи дека во иднина ќе делува како независен пратеник.

Во изјава за „Фокус“, Цеков појаснува дека во изборната кампања, како и во изминативе години, вложил многу време, енергија и лични средства, бидејќи искрено верувал оти ЗНАМ ќе покаже „ново лице во македонската политика“. Меѓутоа, како што додава, по изборите постепено изостанувала „суштинска комуникација и вистинска вклученост во процесите“.

–Во кампањата во четвртата изборна единица, но и во изминатите 3 години, вложив многу време, енергија, срце и лични средства, бидејќи тогаш искрено верував дека ЗНАМ ќе покаже ново лице во македонската политика. Бев подготвен целосно да се вложам за таа идеја и тоа го знаат сите што беа дел од процесот. Меѓутоа, по изборите постепено изостануваше суштинска комуникација и вистинска вклученост во процесите.

Разговорите за правда, транспарентност и општо добро често се доживуваа како политичка наивност, наместо како вредности врз кои треба да се гради довербата кај граѓаните. Одлуките најчесто се носеа во тесен круг, а просторот за искрена дебата сè повеќе се стеснуваше. Кога ќе видите дека сте вложиле личен авторитет, а принципите за кои сте се бореле почнуваат да се релативизираат, тогаш природно доаѓа момент кога мора да донесете одлука.

Јас не влегов во политика за функции или позиции. Влегов со искрена намера да придонесам кон промена на начинот на кој се практикува политиката кај нас и да покажам дека постојат луѓе кои се подготвени да размислуваат за општото добро, а не само за партискиот интерес – ни изјави Цеков.

Во однос на прашањето дали во изминатиов период имал контакти и средби со поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, како и дали Заев имал или се обидел да изврши одредено влијание врз неговата одлука, тој одговара:

„Не, немам контакт со господинот Заев. Ова е моја лична одлука. Истовремено во јавноста, за жал, се прават обиди за дефокус и создавање наративи кои немаат врска со вистината како за ова прашање така и за други теми, како уставните измени. Во недостаток на реални аргументи, се создаваат конструкции за кои времето ќе докаже кој ја зборувал вистината“.

Притоа, Цеков тврди дека во иднина ќе делува независно, додавајќи дека во политиката секогаш ќе соработува со секој што искрено ги споделува вредностите во кои верува: правда, одговорност, достоинствени и повисоки плати, подобар животен стандард, среќни земјоделци, перспективи за младите и држава во која чесниот човек ќе може нормално да живее од својот труд…

Инаку, во своето обраќање до јавноста по повод донесувањето на одлука да го напушти владејачкото мнозинството и да делува како независен пратеник, тој истакна дека во политиката влегол со цел да им служи на татковината и граѓаните, но, како што додаде, очекуваните промени не се реализирале.

„Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, тие промени не се случуваат.

Оваа моја одлука доаѓа затоа што не прифаќам да живееме во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции. Не прифаќам младите да си заминуваат поради системот, а работниците да живеат со најниска плата во регионот. Не прифаќам загаден воздух и загадена средина. Не прифаќам држава што увезува наместо да произведува храна“, соопшти Цеков.

Тогаш, Цеков истакна дека имал низа активности како пратеник во изминатиот период, меѓу кои законски иницијативи поврзани со земјоделството, заштита на животната средина, инфраструктурни проекти и мерки за подобрување на животниот стандард итн.

Во меѓувреме, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски оцени дека заминувањето на Цеков е негова лична одлука, која, според Димитриевски, нема да ја наруши стабилноста на партијата. Тој посочи дека ваквиот развој на настаните не претставувал изнедување.

–Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше во работењето ниту на Централниот, ниту на Извршниот одбор. Беше евидентно дека нешто се случува. Тој не е исклучен од партијата, ЗНАМ не исклучува свои членови, камоли пратеници. Ја донесе оваа одлука и слободен му е патот, секој со свој крст.

Но, доколку имате минимум политичка и морална одговорност, треба да го вратите мандатот на граѓаните. Ова е реприза од минатото, но многу е побитен моментот кои се мотивите. Струмичката јавност најдобро го знае тоа – рече Димитриевски.

Извор: fokus.mk



Поврзани содржини

Доаѓа нов студен бран од вторник

10 мај 2026

Автомобил удрил во двајца пешаци во Скопје, жена тешко повредена

10 мај 2026

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

10 мај 2026
НАЈНОВО

Доаѓа нов студен бран од вторник

10 мај 2026

Автомобил удрил во двајца пешаци во Скопје, жена тешко повредена

10 мај 2026

Google значително погрешно ги прикажал емисиите на јаглерод од дата центрите

10 мај 2026

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

10 мај 2026

Пентагон ги објави првите снимки со НЛО

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.