Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пентагон ги објави првите снимки со НЛО

10 мај 2026

Првото рочиште во отсуство против 21 лице за воени злосторства во Косово на 1 јули

10 мај 2026

Е мој Александар Николовски…

10 мај 2026

Цеков за „Фокус“: Немам контакт со Заев, ќе делувам независно – јас не влегов во политиката за функции!

10 мај 2026

Во Белград има се повеќе малолетни престапници и се побрутални

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!

Press OnlineBy Press Online10 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во Јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото, пишува епидемиологод д-р Драган Даниловски во својата објава на Фејсбук.

Според него, речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“…

„Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци чијшто јавно изговорен збор носи огромна тежина, зашто, покрај името им стои титула доктор“, смета Даниловски.

Тој вели дека хантавирусите не се нов феномен што вчера се појавил во лабораторија.

„Тие се одамна познати во медицината. Претставуваат група вируси поврзани со глодари, кои се нивен природен резервоар. Луѓето најчесто се инфицираат преку контакт со аеросоли контаминирани со измет, урина или плунка од заразени глодари.Дел од нив се присутни на европскиот континент, Азија и Африка (подгрупа на Хантавируси на Стариот свет – Old World Hantaviruses). Ендемско подрачје е Балканот. Друг дел од нив (подгрупа на Хантавируси на Новиот свет) „владее“ со обете Америки. Ендемско подрачје се Аргентина и Чиле.Иако двете подгрупи се сродни, тие се разликуваат по тоа што предизвикуваат различни видови болести кај хуманите домаќини.Вирусите во подгрупата на Новиот свет предизвикуваат болест позната како „хантавирусен пулмонален синдром“ со десетици заболени секоја година и смртност од 20-40%.Вирусите во подгрупата на Стариот свет предизвикуваат болест позната како „хеморагична треска со бубрежен синдром“, со стотици заболени секоја година и со смртност од 1-15%.

Балканот има сопствено искуство со хеморагичната треска со бубрежен синдром.
Во подгрупата на Новиот свет постои типот Andes вирус, (причинител на епидемијата на крузерот „Хондиус“). Само кај овој тип е опишан и пренос од човек на човек! Многу важно! Тој вирус не циркулира кај нас. Ниту постои ризик да скокне од некој од заразените на крузерот.
Поради тоа, во моментот не постојат индикации за сценарио што би наликувало на ковид-пандемијата“, порачува Даниловски.

Сепак, тој повикува на  внимателност.

„Темата за хантавирусите отвора едно многу приземно и локално прашање: каква е состојбата со урбаната хигиена, дератизацијата и контролата на глодарите во македонските градови?
Во изминатиот период, Скопје и други средини се соочуваа со сериозни проблеми со отпадот. Контејнери преполни со денови. Купишта смет покрај улици. Расфрлан органски отпад. Диви депонии.Мијазма на 21 век! Таквите услови неизбежно создаваат средина погодна за експанзија на популацијата на стаорци и глувци. Кои претставуваат потенцијален резервоар за повеќе инфективни заболувања, вклучително и хантавирусните инфекции.

Токму затоа, прагот на летото е момент кога институциите треба сериозно да пристапат кон:
– дератизација;
– дезинфекција;
– санитарен надзор;
– урбана хигиена;
– контрола на дивите депонии.

Поради елементарна епидемиолошка логика.Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв.На јавноста денес ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција.
Не ни треба нова паника“, пишува епидемиологот д-р Драган Даниловски.

Извор: nezavisen.mk



Поврзани содржини

Е мој Александар Николовски…

10 мај 2026

Цеков за „Фокус“: Немам контакт со Заев, ќе делувам независно – јас не влегов во политиката за функции!

10 мај 2026

ДУИ: ВЛЕН избра двајца кормилари на бродот што тоне

10 мај 2026
НАЈНОВО

Пентагон ги објави првите снимки со НЛО

10 мај 2026

Првото рочиште во отсуство против 21 лице за воени злосторства во Косово на 1 јули

10 мај 2026

Е мој Александар Николовски…

10 мај 2026

Цеков за „Фокус“: Немам контакт со Заев, ќе делувам независно – јас не влегов во политиката за функции!

10 мај 2026

Во Белград има се повеќе малолетни престапници и се побрутални

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.