Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

12 мај 2026

Хаос во Загреб: Едно лице е повредено во невремето – снег на Сљеме

12 мај 2026

Со политиките на Владата, шопската салата сега чини колку претходно килограм месо, вели Лукаревска

12 мај 2026

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината – уставните измени се европско, а не билатерално прашање

12 мај 2026

Падна првата оставка во кабинетот на Радев

12 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Лукаревска: Реалноста е сиромаштија и скапи сметки, а не „трета економија во светот“

Press OnlineBy Press Online12 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ.



„Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина опција, сега чини како порано што чинеше кило месо“, појасни Лукаревска.

Таа потенцираше дека Владата нема таргетирани мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а четирите мерки кои ги предложи СДСМ, за помош на граѓаните не беа прифатени.

Осврнувајќи се на инфлацијата, Лукаревска предупреди дека ситуацијата дополнително се влошува.

„Инфлацијата за април е 5,7% во однос на лани април, а во март била 4,9%. Мора да се справиме со соодветна стратегија во делот на галопирачката инфлација. Нема простор веќе оваа власт да прави од СДСМ алиби. А, онаа теза на власта дека сме трета економија во светот по раст на БДП, треба да ги прашаме граѓаните дали го чувствуваат тој бенефит. Цените растат, особено на прехранбените производи, а расходите исто така растат. Оваа влада повеќе троши отколку што собира. Индексот на сиромаштија е 21,9%. Ниеден економски показател не сооддејствува со моментот дека сме трета економија по раст на БДП. Имаме пад на странски инвестиции, а капиталните инвестиции минатата година беа реализирани само околу 50 проценти“, рече Лукаревска.

Лукаревска се осврна и на минималната плата, за што власта не даде шанса да се зголеми.

„Минималната плата во 2017 година беше 9.000 денари, а во времето на СДСМ, ние ја качивме во 2024 година на 22.567 денари. И тоа се факти. Сега веќе државата влегува во нов циклус на задолжување. 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра задолжување од други странски извори и 400 милиони евра задолжување на домашен пазар.“, посочи Лукаревска.

Лукаревска посочи дека се прекршени и фискалните правила, потенцирајќи дека буџетскиот дефицит веќе достигнал 5,3 проценти.

„Скоро две третини од предвидениот буџетски дефицит е потрошен. Ни остануваат повеќе од 200 милиони евра за трошење, а веќе сме месец мај, значи не сме ни на половина од годината“, нагласи Лукаревска.



Поврзани содржини

Со политиките на Владата, шопската салата сега чини колку претходно килограм месо, вели Лукаревска

12 мај 2026

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината – уставните измени се европско, а не билатерално прашање

12 мај 2026

Мицкоски: Претпоставувам дека на крајот од овој мој мандат, ќе се вратам меѓу студентите на факултет

12 мај 2026
НАЈНОВО

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

12 мај 2026

Хаос во Загреб: Едно лице е повредено во невремето – снег на Сљеме

12 мај 2026

Со политиките на Владата, шопската салата сега чини колку претходно килограм месо, вели Лукаревска

12 мај 2026

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината – уставните измени се европско, а не билатерално прашање

12 мај 2026

Падна првата оставка во кабинетот на Радев

12 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.