Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Калас: Шефовите на дипломатиите на ЕУ дадоа поддршка за Западен Балкан, за возврат очекуваат реформи

12 мај 2026

Германија ќе учествува во финансирањето на воени центри за обука во Украина

12 мај 2026

Иран го отфрли мировниот план на Трамп, бара репарации и целосен суверенитет врз Ормуската Теснина

12 мај 2026

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

12 мај 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

12 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

Press OnlineBy Press Online12 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8, информираат од Министерството за транспорт.

По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на трасата се решаваат со добра координација меѓу институциите, а Владата на изведувачот му овозможи отворен фронт за работа на цела траса.

„Ние многу често зборуваме за овие проекти во нашите јавни настапи, на прес-конференции, на интервјуа, еве сега да се види во живо. Веќе едната секција ја поминавме, автопатот од Тетово до Гостивар, во јавноста некако прифатена перцепција дека тоа е автопат, но во суштина тоа е експресен пат и прв пат на оваа делница ќе се изгради автопат. Втората делница е она на која што сме сега. Нешто што мислам дека за многумина беше незамисливо, а тоа е дека било кога ќе има автопат кој што ќе ја заобиколи Стрaжа и најтешкиот дел од поврзувањето со Охрид и со Струга и целиот Коридор 8. Но можете да видите тука пред нас како интензивно се работи на мостови, на пробивање на автопатот, на косини, навистина се прават исклучително инженерски работи. Како Влада правиме се за да дадеме можност на компаниите кои што се изведувачи што поскоро да ги завршат овие проекти и да можат граѓаните да ги користат. Ова е многу значајно и за БДП, горд сум што во третиот квартал минатата година растот во градежништвото беше 21%, четвртиот квартал 16,7%. Очекуваме добри резултати за првиот квартал, оваа година и да продолжи така во следниот период” -истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира три предизвици во делот на изградбата на овие делници. Едната се однесува на дислокација на телекомуникациските меѓународни и внатрешни водови, електрични инсталации и водоснабдувањето за Полог.

„Вториот дел, за жал, морам да кажам дека претходната Влада две години немаше сработено ништо. Ова не е мое тврдење или на примериот или на директорот на ЈПДП.  За ова во ноември месец добивме официјално известување од страна на надзорниот инженер, кој што побара да се продолжи рокот за завршување на проектот за најмалку две години. Заради тоа што мораа да се компензираат тие две години кои што се изгубени со предходната Влада и ние тука немаме избор освен тоа да го направиме, така што ќе одиме на рок, најмалку до декември 2029 година, што не значи дека нема да се завршува проектот и порано”- рече Николоски.

Дополни дека важен сегмент е и поврзување со општините кои гравитираат по трасата на автопатот.

По обиколка на  овие автопатски делници, ќе се изврши увид и во изградбата на „Галериите” на трасата на автопатот Охрид-Кичево, рехабилитација на превојот Пресека, како и клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт.

Поврзани содржини

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

12 мај 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

12 мај 2026

Товарно возило усмрти 89 – годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп

12 мај 2026
НАЈНОВО

Калас: Шефовите на дипломатиите на ЕУ дадоа поддршка за Западен Балкан, за возврат очекуваат реформи

12 мај 2026

Германија ќе учествува во финансирањето на воени центри за обука во Украина

12 мај 2026

Иран го отфрли мировниот план на Трамп, бара репарации и целосен суверенитет врз Ормуската Теснина

12 мај 2026

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

12 мај 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

12 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.