Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Судскиот совет спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје

12 мај 2026

Австрија ги подигна борбените авиони „Еурофајтер“ поради американски воени авиони

12 мај 2026

Ученици нападнати и ограбени додека биле на екскурзија во Парк шумата Гази Баба

12 мај 2026

Уапсени осум лица за вооружениот грабеж на банка во централна Грција – стојат за зад уште десет други кражби

12 мај 2026

Пентагон објави колку војната во Иран ги чини САД

12 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Абази негира дека влијаел за запирањето на случајот за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“

Press OnlineBy Press Online12 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Јас ни како обвинител, ни како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту, пак, сум ја загрозил неговата самостојност. На ниеден јавен обвинител не сум вршел притисок или влијание да донесе некаква одлука“, изјави шефот на ОЈО ГОКК



Првиот човек на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска ги демантираше обвинувањата за влијание по запирањето на постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Реакцијата на Абази доаѓа откако денеска вакви обвинувања изнесоа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои одлуката за ја оквалификуваа како „контроверзна“.

На денешниот брифинг со новинарите, Абази рече дека во своето работење нема вршено никакви притисоци врз колегите.

„Јас ни како обвинител, ни како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту пак сум ја загрозил неговата самостојност. На ниеден јавен обвинител не сум вршел притисок или влијание да донесе некаква одлука“,изјави Абази.

Претходно, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања на сметка на шефот на ОЈО ГОКК. Според него, со одлуката да се запре постапката, од одговорност се ослободени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој се наоѓа во бегство, како и бизнисмените Асмир Јахоски и Ратко Капушевски.

Милошоски обвини дека обвинителството постапувало под политичка диктатура и праша зошто бегството на Ковачевски не било земено како дополнителна индиција за вина, заклучувајќи дека со ова дополнително се урива довербата во правосудниот систем.

Утринава од ОЈО ГОКК соопштија дека е запрена постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, бидејќи во истрагата, што траеше една година, не било утврдено дека осомничените ги сториле кривичните дела за кои се гонеа.

Станува збор за истрагата што беше отворена против 13 лица, меѓу кои сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, газдите на компанијата „РКЕ“, Ерџан Сулкоски и Ратко Капушевски, а во неа беше опфатен и поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски.

Акцијата беше спроведена на 10 март, минатата година, по која на Капушевски и на Јахоски им беше одредена мерка притвор. На Јахоски, првично судот му одреди куќен притвор, но неколку дена подоцна таа беше заменета со активен притвор, за да во мај Апелација одлучи да му го укине притворот на газдата на „Пуцко петрол“ и да му одреди мерки на претпазливост, во замена за гаранција од околу 2 милиони евра во готовина и недвижен имот.

Но, како што соопштија денеска од ОЈО ГОКК, едногодишната истрага не нашла докази дека тогаш осомничените ги сториле кривичните дела.

извор 360 мк

 



Поврзани содржини

Судскиот совет спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје

12 мај 2026

Ученици нападнати и ограбени додека биле на екскурзија во Парк шумата Гази Баба

12 мај 2026

Уапсени осум лица за вооружениот грабеж на банка во централна Грција – стојат за зад уште десет други кражби

12 мај 2026
НАЈНОВО

Судскиот совет спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје

12 мај 2026

Австрија ги подигна борбените авиони „Еурофајтер“ поради американски воени авиони

12 мај 2026

Ученици нападнати и ограбени додека биле на екскурзија во Парк шумата Гази Баба

12 мај 2026

Уапсени осум лица за вооружениот грабеж на банка во централна Грција – стојат за зад уште десет други кражби

12 мај 2026

Пентагон објави колку војната во Иран ги чини САД

12 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.