Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пропадна изградбата на луксузната кула Трамп во Австралија. „Брендот стана токсичен“

13 мај 2026

Голема антитерористичка акција во Турција: Приведени 324 лица осомничени за врски со Исламска држава

13 мај 2026

Левица: РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА СЕ РАСПАЃААТ ПОД ТОВАРОТ НА КАМИОНИТЕ

13 мај 2026

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

13 мај 2026

Руте го претстави НАТО 3.0

13 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 13
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Димитријевиќ: Мицкоски повторно му диктира задачи на јавниот обвинител Савески

Press OnlineBy Press Online13 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Мицкоски повторно диктира задачи за јавниот обвинител. Имаме скандалозно признание на Мицкоски дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савевски, од позиција на премиер и му дал насоки како да постапува Обвинителството. Мицкоски вели, цитирам: „ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет“. Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот обвинител кој самиот го избра и го постави“ изјави денеска Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.



Според него, „секој што се огрешил нека одговара, но не може премиерот да врши притисок врз обвинителот, односно да му наредува. Судството и обвинителството во Македонија се под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група. Затоа нема правда во Македонија и затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат“.

„Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство затоа што тоа би значело правда и крај на заштитата на криминалците на власт. Мицкоски елиминираше некои независни кандидати кои ги нарече „медиокритети“! Што е ова? Секој што нема да го исполни тоа што го бара, станува медиокритет и талог на општеството. Новиот јавен обвинител, Савески, откако е дојден на функцијата, работи по нарачка на Христијан Мицкоски. Мицкоски дава наредби – Савески исполнува“ рече Димитријевиќ и порача:

„Ако сака да сочува малку лично достоинство, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска“.

Поврзани содржини

Левица: РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА СЕ РАСПАЃААТ ПОД ТОВАРОТ НА КАМИОНИТЕ

13 мај 2026

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

13 мај 2026

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

13 мај 2026
НАЈНОВО

Пропадна изградбата на луксузната кула Трамп во Австралија. „Брендот стана токсичен“

13 мај 2026

Голема антитерористичка акција во Турција: Приведени 324 лица осомничени за врски со Исламска држава

13 мај 2026

Левица: РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТИШТА СЕ РАСПАЃААТ ПОД ТОВАРОТ НА КАМИОНИТЕ

13 мај 2026

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

13 мај 2026

Руте го претстави НАТО 3.0

13 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.