Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

14 мај 2026

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

14 мај 2026

Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мустафаоглу: Се кријат средствата кои што можат да се прелијат во ЈСП, а ги даваме на приватна фирма

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„И по повеќе од три месеци инсистирање договорите помеѓу ЈСП и „Маратон“ не ми се доставени. Не барам приватни преписки, воени тајни или шифри од трезор. Буквално зборуваме за договори кои се стотици милиони денари пропуштен јавен приход за претпријатието“, истакна советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу, на последната седница на Советот на Град Скопје.



Мустафаоглу истакна дека со тоа што повеќе од три месеци не и се доставуваат договорите и анексите го кршат Деловникот кој предвидува десет дена за доставување на одговор. На седницата советничката истакна дека нема да ја напушти говорницата додека не добие одговор од градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски што се крие во тие договори што не може да и се достават. Одговорот на Ѓорѓиевски, како што посочува, бил дека тој не ги склучил договорите.

„Многу ми се допаѓа како Вие апстинирате од вашата партија кога ви одговара. Истиот тој човек кој што ги има склучено овие договори е генерален секретар на Владата. На митинзи се сликате, сечете ленти, а сега вие не сте го потпишале договорот. Моја грешка, ете. Можеби и не го познава човекот што ги склучил. А можно е и човекот што го склучил договорот да си ги земал папките со себе во владината ген-сековска канцеларија, па затоа три месеци не ми се доставуваат“, рече Мустафаоглу.

Таа оцени дека е апсурдно во јавноста да се говори за транспарентност, додека договори кои се однесуваат на јавни средства се кријат од советниците и граѓаните. „Цело време зборуваме дека ЈСП се распаѓа, автобуси нема, а овде се кријат средствата кои што можат да се прелијат во јавното претпријатие, а ние ги даваме на приватна фирма“, нагласи таа.

Мустафаоглу посочи дека според информациите кои се проширени во јавност, во спорните договори постојат клаузули според кои ЈСП му исплаќа надоместоци на „Маратон“, но и ги покрива трошоците за рекламните материјали на компанијата.

Во своето обраќање, таа порача дека ова е нејзино последно инсистирање договорите да бидат доставени по регуларен институционален пат, најавувајќи дека јавноста наскоро ќе дознае повеќе детали и без „добрата волја“ на надлежните.



Поврзани содржини

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

14 мај 2026

Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

14 мај 2026
НАЈНОВО

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

14 мај 2026

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

14 мај 2026

Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.