Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

14 мај 2026

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

14 мај 2026

Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пентагон го запре распоредувањето на 4.000 американски војници во Европа

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА.

Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM).

Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана деветмесечна ротација.

Американската армија уште во март соопшти дека бригадата ќе замени други сили како дел од редовна ротација. Според американскиот весник, дел од опремата и персоналот веќе биле на пат за Европа, така што одредени армиски претставници биле затекнати од новата одлука.

Весникот, повикувајќи се на повеќе извори од Пентагон, наведува дека EUCOM препорачал да не се заменуваат повеќе од четири илјади војници по завршувањето на нивната ротациска мисија, но не побарал итно укинување на распоредувањето.

Специјализираниот портал „Task and Purpose“ објави дека војниците требало главно да соработуваат со партнерските сили во Полска во рамки на операцијата „Atlantic Resolve“, американска мисија започната во 2014 година по руската анексија на Крим, со цел поддршка на сојузниците на НАТО во Европа.

Пред околу две недели откако државниот секретар за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на околу пет илјади американски војници од Германија, по што Полска повторно изрази подготвеност да прими дополнителни американски сили.

Според изјава на полскиот претседател, Карол Навроцки, во моментов во Полска се стационирани речиси десет илјади американски војници, од кои најголем дел редовно ротираат меѓу американските бази низ Европа.

Поврзани содржини

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Куба остана без дизел и мазут, ситуацијата во земјата е исклучително напната

14 мај 2026

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

14 мај 2026
НАЈНОВО

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

14 мај 2026

Околу 18 рудари од „Трепча“ се заглавени под земја

14 мај 2026

Сиљановска за двете години: Мандатот ми е успешен, договорот од Преспа го потврди македонскиот јазик

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.