Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

 Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

14 мај 2026

Рубио ја пофали Бугарија за помошта во војната против Иран

14 мај 2026

Владата на Лeтонија падна поради украинските дронови

14 мај 2026

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин, еве каква е неговата состојба

14 мај 2026

Филипче: Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бордо – Здравствените власти потврдија појава на вирусен гастроентеритис на крузер закотвен во пристаништето Бордо, во Франција, со делумно укинување на претходно воведените мерки за карантин за некои патници.
На бродот имало повеќе од 1.700 луѓе, вклучувајќи 1.233 патници и 514 членови на екипажот, откако околу 80 луѓе развиле акутни дигестивни нарушувања, објави порталот „Лемонд“.

Префектурата и Регионалната здравствена агенција објавија дека лабораториските резултати потврдиле дека станува збор за вирусна инфекција од гастроинтестинален тип, со што се исклучуваат други посериозни патогени.

„Резултатите од епидемиолошката анализа на биолошките примероци потврдуваат дека станува збор за епизода на вирусен гастроентеритис“, се вели во заедничко соопштение.

Врз основа на наодите, властите ја укинаа забраната за истоварување на асимптоматски патници, додека заразените остануваат во изолација во своите кабини.

Бродот е под здравствен надзор од среда, 13 мај, откако беше пријавено дека симптомите се прошириле за време на патувањето, вклучително и за време на претходните застанувања во неколку европски пристаништа.

Како што претходно беше објавено, патниците и екипажот беа ставени во карантин на крузерот по смртта на еден патник и сомневање за акутна цревна инфекција.

Компанијата за крстарење соопшти дека првичните тестови го исклучиле норовирусот, додека властите претходно негираа каква било поврзаност со други пријавени вируси, вклучително и хантавирусот.

За време на инцидентот почина и 92-годишен патник, за кој официјално беше потврдено дека не е поврзан со епидемијата на бродот.

Истрагата и медицинскиот надзор на крузерот продолжуваат додека властите го следат развојот на ситуацијата и можното ново ширење на инфекцијата.

Поврзани содржини

Владата на Лeтонија падна поради украинските дронови

14 мај 2026

Британскиот министер за здравство Стритинг поднесе оставка

14 мај 2026

Синовите на Трамп ќе градат кула во Тбилиси заедно со владетелот на Грузија

14 мај 2026
НАЈНОВО

 Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

14 мај 2026

Рубио ја пофали Бугарија за помошта во војната против Иран

14 мај 2026

Владата на Лeтонија падна поради украинските дронови

14 мај 2026

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин, еве каква е неговата состојба

14 мај 2026

Филипче: Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.