Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

 Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

14 мај 2026

Рубио ја пофали Бугарија за помошта во војната против Иран

14 мај 2026

Владата на Лeтонија падна поради украинските дронови

14 мај 2026

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин, еве каква е неговата состојба

14 мај 2026

Филипче: Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија!

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче



Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години.

ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот.

Дека ќе го вратат старото име и дека никогаш нема да кажат „Северна Македонија”. Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори „Северна Македонија”. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа.

И што се случи сега? Претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно изјави дека Преспанскиот договор го потврдува и зачувува македонскиот национален идентитет.

Христијан Мицкоски јавно изјави дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

Министерот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е феноменална работа, дека дава безбедност и поволна клима за инвестиции. Да ги потсетиме што точно успеавме со

Преспанскиот договор. Се гарантира македонскиот јазик како официјален јазик на Република Северна Македонија и во целиот свет.

Се заштитува македонскиот национален идентитет, културата и историјата како посебни и различни од другите. На секоја лична карта, пасош и официјален документ стои „македонско”. Секој граѓанин слободно зборува македонски јазик, кој е признат од секоја земја-членка на Европската Унија.

Македонските симболи, песни, фолклор и традиција продолжуваат да се слават секаде, без никаква забрана. Во Северна Грција, за прв пат луѓето слободно се собираат, пеат македонски песни и играат македонски ора. И сето ова, пред Преспанскиот договор, беше практично незамисливо.

Преспанскиот договор нема ништо што го загрозува нашиот национален идентитет. Напротив, го зајакнува. И ние во СДСМ сме горди на тоа, а денес треба да бидат горди и сите наши граѓани кои досега беа лажени. Од нашата независност во 1991 година, 27 години бевме Бивша Југословенска Република Македонија.

Тоа беше официјалното име во Обединетите нации. Благодарение на Преспанскиот договор, по 27 години блокада, денес сме полноправна и рамноправна членка на НАТО. Имаме отворен пат и шанса да станеме земја-членка на Европската Унија.

Внесувањето на малцинствата во Уставот, што е основен услов на Европската Унија – повторувам, на Европската Унија, не на Бугарија, како што ВМРО сака да го прикаже – не е предавство. Ние не преговараме со Бугарија, ние преговараме со Европската Унија.

И да се вратам на проблемот со Бугарија и уште еднаш да објаснам зошто внесувањето на малцинствата, конкретно бугарското, никако не е ризик за нашиот идентитет, бидејќи на граѓаните веќе им е јасно. Бугарската теза од пред многу децении дека сме ист народ во две држави, со ова паѓа во вода.Од тој момент, кога Бугарите ќе бидат внесени како малцинство во Уставот, се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Се руши целата пропаганда дека нема посебен македонски народ.

И со тоа, со уставните измени, го зајакнуваме – не го слабееме, ниту го ризикуваме – нашиот национален идентитет. И тоа е успех на нашата дипломатија, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со поддршка на Европа.

Драги граѓани, ова се позициите за кои СДСМ беше обвинет дека е предавничка партија. Тие не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку, еве, го признаваат.

Тие не само што не го вратија старото име, туку секојдневно, на официјалните состаноци, како што ни кажуваат странските партнери со кои се среќаваат, во затворен дел го користат уставното име „Северна Македонија”. И каде е сега предавството?

Каде се сите ветувања на организираната криминална група на ВМРО од пред изборите? Знаеја дека НАТО е најдоброто нешто што ни се случило, но сепак, години наназад не престанаа да нè нарекуваат предавници и да сеат поделби.

И ова не е политика. Ова е чиста измама на сопствениот народ. Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат.

Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да им се извини на сите граѓани на Македонија.

Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселија.

Барам од Христијан Мицкоски да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде на власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и пропагандата што ја спроведуваше години наназад.

Порака до сите кои гласаа за ВМРО затоа што поверуваа во оваа лажна кампања и манипулација на Христијан: драги сограѓани, ве лажеа со години наназад. Со многу силна пропаганда што ви се сервираше секојдневно преку целата медиумска и партиска машинерија.

Орбановите медиуми, фармата на тролови увезена од сестринската СНС партија од Србија и платформите со ботови. Немојте да се грижите. Ништо не е продадено, ништо не е загрозено.

Но сега, истите тие, истата група што го правеше ова со години, се обидува да го спречи нашиот европски пат.

Зошто? За да ги сочуваат своите позиции, за да продолжат да го ограбуваат народот и да продолжат со криминалот и корупцијата. Тие не ја сакаат Европа, затоа што Европа носи независни институции, носи независно судство, носи европско обвинителство.

И тогаш секој ќе одговара за криминалот и корупцијата. Ете затоа таа група сака да ја загрози иднината на вас и вашите деца. И тоа нема да им го дозволиме. Затоа што доаѓа време на вистината, правдата и одговорноста.

Да живее европска Македонија!

 



Поврзани содржини

 Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

14 мај 2026

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин, еве каква е неговата состојба

14 мај 2026

Филипче: Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ

14 мај 2026
НАЈНОВО

 Паднаа претседател и судски администратор: Земале илјадници евра поткуп за влијание

14 мај 2026

Рубио ја пофали Бугарија за помошта во војната против Иран

14 мај 2026

Владата на Лeтонија падна поради украинските дронови

14 мај 2026

Заловениот волк ќе биде 30 дена во карантин, еве каква е неговата состојба

14 мај 2026

Филипче: Внесување на малцинства во Уставот ја потврдува посебноста на македонскиот народ

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.