Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола.
Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста поврзана со рударските активности во Монгбвалу.
Болеста предизвикана од вирусот ебола е тешка и често со фатални последици. Се шири преку директен контакт со телесните течности на заразените лица, контаминирани материјали или преку луѓе кои починале од болеста.

