Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

16 мај 2026

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

16 мај 2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

16 мај 2026

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

16 мај 2026

Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СП- ФБИ фати двајца од Велес кои пљачкале злоупотребувајќи го претседателот на САД

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) лоцираше двајца Македонци, Горан Спиридонов (25) и Кристина Јанева (39) кои пљачкале постари Американци, на начин што преку интернет им продавале лажни финансиски инструменти на кои стоело името и ликот на претседателот на САД,  Доналд Трамп. „Слободен печат“ дознава дека обвинетите се од Велес, градот што во 2016 година се богатеше од империја на лажни вести за време на американската претседателска кампања. Десет години подоцна, „работата со странци“ од овој град, зазема поинаков праве



 

Спиридонов, Јанева и другите промотори на оваа измама, според Њујоршкото обвинителство кое ја спровело истрагата заедно со ФБИ, лажно им претставиле на жртвите дека производите „Трамп Бакс“ (Трамп-долари) се поврзани со претседателот Трамп, членови на неговото семејство, членови на Организацијата Трамп и членови на администрацијата на Трамп, и дека купувањето на „Трамп Бакс“ би помогнало во финансирањето на кампањата за реизбор на претседателот Трамп и разни каузи наводно поврзани со него. Така, поддржувачите на американскиот претседател станаа цел на измамници кои извлекле илјадници долари од нив, вклучително и животни заштеди од пензионери.

Според обвинителниот акт во кој имаше увид „Слободен печат“, учесниците во измамничкиот синџир се обиделе и да ги ревиктимизираат жртвите што веќе купиле некој производ од „Трамп доларите“, на начин што ги лажеле дека само ако купат уште производи, дури тогаш ќе може да си ги повлечат парите од претходно купените производи. Сметките на американските државјани биле „цедени“ и така што им било кажувано оти се потребни пари за да ги извадат нивните пари. Сега со обвинителниот акт се бара обвинетите доколку се докаже нивната вина, да ги вратат парите.

Повеќе  ТУКА

Поврзани содржини

Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

16 мај 2026

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

16 мај 2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

16 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

16 мај 2026

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

16 мај 2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

16 мај 2026

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

16 мај 2026

Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.