Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

16 мај 2026

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

16 мај 2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

16 мај 2026

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

16 мај 2026

Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Фицо ќе им пренел на европските политичари „важни информации од Путин“

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе им пренесе важни информации на европските политичари откако на 9 мај во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Фицо оцени дека Путин јасно го изнесува својот став по прашањето за постигнување решение за украинскиот конфликт, наведувајќи дека посредник во преговорите на Европската Унија со Русија треба да биде „некој што ја познава руската душа“.

– Путин сака некој што барем малку ја познава руската душа. Не можете да земете кој било и да кажете: Оди преговарај за мир меѓу Русија и Украина, а апсолутно ништо да не знаете за таа земја – смета Фицо.

Фицо на политичарите во Европа им порача дека мораат да водат нормален разговор со Путин, а не да го прашуваат Фицо „во тоалет за содржината на неговите разговори со Путин“.

Зборувајќи за наводите во медиумите дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно користи недозволени супстанции, Фицо рече дека „каде што има чад, има и оган“.

– Сметам дека, ако нешто се објавува повторно и повторно, тогаш важи принципот: каде што има чад, има и оган. Не гледам причина зошто Словачка не може да коментира и да зборува за она што е веќе во медиумскиот простор – истакна словачкиот премиер.

Поранешната портпаролка на Зеленски претходно во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон алудираше дека Зеленски употребува недозволени супстанции, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „оние што работеле со Зеленски во шоу-бизнисот на разни настани се сеќаваат на неговата зависност од илегални супстанции“.

Поврзани содржини

Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите

16 мај 2026

Украина прибира дигитални докази за руски воени злосторства

16 мај 2026

И Уганда прогласи жариште на ебола

15 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

16 мај 2026

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

16 мај 2026

Николоски: Со браќата Битов за македонските работи и промоција на Македонија на светската сцена

16 мај 2026

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

16 мај 2026

Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.