Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Што е „Тукидидова стапица“ спомната на средбата Ши-Трамп

15 мај 2026

Србија започна проект за бесплатен јавен Wi-Fi во општините

15 мај 2026

Малцинствата се нашите комшии, вели СДСМ

15 мај 2026

Голем одмазднички напад на Украина по масакрот во Киев

15 мај 2026

Црна Гора одговори на провокациите на Вучиќ: „Ние не се отцепивме од Србија, никогаш не сме биле дел од неа“

15 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 15
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата. Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.



Велат „Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е големо, особено кај поединци како Абази, и тоа најјасно може да се види од случаите како овој со мазутот и криминалот од 167 милиони, кога наместо правдата да се истера до крај и предметот да влезе во судска постапка, тој се затвора. Обвинителството кое го води комшијата на Ахмети, пред само една година побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката“.

„И сега наеднаш, после година дена обвинителите од истото обвинителство под команда на Абази, одлучуваат дека немало основ и докази да продолжи постапката за овој случај, иако цела јавност виде дека станува збор за тежок криминал, перење пари и сомнежи за загадување на животната средина. Ваквата контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Абази, кадар на ДУИ поставен во време на СДС, не може да биде базирана на правни или обвинителски аргументи, туку само на лукративно и политички основи. Затоа, прво го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во така наречениот случај „Мазут“. Исто така и обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како утврдила дека нема никаква штета во случајот тежок 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, кога и самото ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека „кадарот на Ахмети, Заев и Филипче, Ислам Абази да одговори, до кога планира да испочарува за ова криминално трио и наместо спроведувач на правдата, да биде џелат на правдата. Македонското правосудство мора да се ослободи од ликови како Ислам Абази, за на нивно место дојдат професионалци со морален кредибилитет и интелектуален капацитет, за кои спроведувањето на правда е на прво место“.



Поврзани содржини

Србија започна проект за бесплатен јавен Wi-Fi во општините

15 мај 2026

Малцинствата се нашите комшии, вели СДСМ

15 мај 2026

Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

15 мај 2026
НАЈНОВО

Што е „Тукидидова стапица“ спомната на средбата Ши-Трамп

15 мај 2026

Србија започна проект за бесплатен јавен Wi-Fi во општините

15 мај 2026

Малцинствата се нашите комшии, вели СДСМ

15 мај 2026

Голем одмазднички напад на Украина по масакрот во Киев

15 мај 2026

Црна Гора одговори на провокациите на Вучиќ: „Ние не се отцепивме од Србија, никогаш не сме биле дел од неа“

15 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.