Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: По Унгарија, и во Македонија се најавува истрага за зделката на Мицкоски со 4iG

17 мај 2026

ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

17 мај 2026

СДСМ обвинува: Фирма блиска до власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

17 мај 2026

Америка би сакала да го уапси Кастро по Мадуро

17 мај 2026

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

17 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Албанија се приклучи на Центарот за кооперативна киберодбрана на НАТО

Press OnlineBy Press Online16 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тирана – Албанија официјално стана дел од Центарот за кооперативна киберодбрана на НАТО (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија.

– Членството на Албанија беше формализирано со церемонијата на кревање на знамето во седиштето, со што Албанија се приклучи на центарот заедно со Финска и Шведска. Со тоа бројот на земји-членки и партнери на оваа меѓународна мрежа на експертиза за киберодбрана се искачи на 39. Ова е важен чекор за Албанија во зајакнувањето на нејзините национални капацитети во областа на кибербезбедноста и одбраната, како и во продлабочувањето на соработката со сојузниците на НАТО и меѓународните партнери, во справувањето со заканите и предизвиците во киберпросторот.

Учеството во ЦЦДЦОЕ ѝ дава на Албанија можности за размена на експертиза, вклучување во стратешки истражувања и анализи, учество во меѓународни обуки и вежби и потесна соработка со експерти и специјализирани институции од сојузнички и партнерски земји.

Центарот е формиран во 2008 година и акредитиран од НАТО, и е еден од најважните меѓународни центри во областа на киберодбраната, фокусиран на научни истражувања, стратешка анализа, професионална обука и развој на најдобри практики за зајакнување на сајбер отпорноста. Центарот, исто така, ја организира најголемата и најсложена вежба за киберодбрана во светот.

Ова членство дополнително ја зајакнува позицијата на Албанија во меѓународниот систем за кибербезбедност и ја подобрува соработката со клучните структури на НАТО и експерти во оваа област.

Албанскиот премиерот Еди Рама, објави на социјалните мрежи дека за време на вчерашната посета на Естонија, заедно со албанската делегација, го посетил Центарот  каде што се сретнал со раководителите на центарот и бил запознаен со неговата активност и улога во зајакнувањето на киберодбраната во рамките на НАТО.

Поврзани содржини

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор

16 мај 2026

Пијавица снимена во Истра – Независен Весник

16 мај 2026

Скандал во Србија: Полицајци палеле труп на мафијаш,нивниот шеф ги бришел снимките

16 мај 2026
НАЈНОВО

СДСМ: По Унгарија, и во Македонија се најавува истрага за зделката на Мицкоски со 4iG

17 мај 2026

ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

17 мај 2026

СДСМ обвинува: Фирма блиска до власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

17 мај 2026

Америка би сакала да го уапси Кастро по Мадуро

17 мај 2026

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

17 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.