Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт за правда“, нека побара одговорност од поранешните функционери на СДСМ

17 мај 2026

Филипче: Вештачка интелигенција ќе ги проверува имотните листови на функционерите

17 мај 2026

Деветнаесетгодишник нападнат од непознато лице додека се движел по улица во Тетово

17 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт за правда“, нека побара одговорност од поранешните функционери на СДСМ

Press OnlineBy Press Online17 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Венко Филипче, оценувајќи дека најавениот „фронт за виситина и правда“ е составен од негови блиски партиски соработници и лојалисти на експремиерот Зоран Заев.

„Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол ‘за вистина и правда’. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДС токму од Заев“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека малкумината партиски другари останати и поставени токму од Заев, со отворени очи сонуваат за власт, и покрај поразите на неколку последователни изборни циклуси.

„Тоа им го покажаа на четири последователни изборни циклуси, а на последниот ги донесе до биолошкиот минимум од одвај 130 илјади гласа, со што СДС стана трета партија во државата и петта во градот Скопје“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Филипче дека ако навистина е загрижен за државата и граѓаните, да ги повика поранешните функционери на СДСМ, предводени од Заев, да одговараат пред институциите за украдените пари на народот.

Го отвараат и прашањето за набавките на модуларните болници за време на пандемијата, тврдејќи дека Филипче бил директно инволвиран во тендерските постапки и потпишувањето анекси за зголемување на цените.

„Може Филипче и тој да биде пример за останатите и нека биде прв кој тоа ќе го направи за да се истражи целата негова инволвираност во набавките на модуларните болници, каде тој лично ја правел тендерската спецификација и потпишувал анекси за зголемување на цената за 20 отсто, кои веројатно завршиле по приватни џебови, што како таа во Тетово, граѓаните со живот ги платија“, се додава во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче, не треба да сонува враќање на власт за да го донесе таканатечениот закон за нулта толеранција на корупцијата, туку треба да побара одговорност од лица во Обвинителството, како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ, кои ги штитат криминалците на СДС и ДУИ. А тоа, како што додаваат од владејачката партија е очигледно по стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра.

Во реакцијата на партијата се споменуваат и набавките на јаглен за потребите на РЕК Битола, како и наводни сомнителни трансакции поврзани со фирми блиски до Заев и Филипче.

„Наместо заштита од компромитираните и од нив избрани кадри во судството и обвинителството, СДС и Филипче нека побара нивно заминување и целосна истрага за набавките на јаглен за потребите на РЕК Битола од фирма која на Венко Филипче му подарила луксузен џип ‘ауди ку 8‘, и сомнителните милионски трансакции од истата фирма на сметка на фирма на Заев во Бугарија, каде што на иста адреса и Филипче имал фирма“, велат од оваа партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека по целосно расчистување на случаите поврзани со наводни криминални и корупциски дејствија, за кои ги посочуваат Зоран Заев, Венко Филипче и други поранешни функционери, ќе се обезбедат повеќе средства во буџетот, што би овозможило повисоки плати и пензии, поголема поддршка за земјоделците, како и повеќе инвестиции во градинки, училишта и болници.

На крајот од рекацијата, партијата го обвинува Филипче и за слугување на бугарските интереси.

„И уште нешто, џабе му е еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, тоа не му носи политички поени кај македонските граѓани. Затоа што граѓаните дополнително ја гледаат поданоста и измеќарството на туѓите агенди, наспроти и на штета на македонските национални интереси“, додаваат од владијачката партија.

Извор: 360stepeni.mk

Поврзани содржини

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026

Филипче: Вештачка интелигенција ќе ги проверува имотните листови на функционерите

17 мај 2026
НАЈНОВО

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт за правда“, нека побара одговорност од поранешните функционери на СДСМ

17 мај 2026

Филипче: Вештачка интелигенција ќе ги проверува имотните листови на функционерите

17 мај 2026

Деветнаесетгодишник нападнат од непознато лице додека се движел по улица во Тетово

17 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.