Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

На државните патишта од утре се воведува летен времен режим на сообраќај

30 јуни 2026

Иран му порача на Макрон да не ја комплицира ситуацијата: Само ние ќе ги отстраниме мините од Ормуската теснина

30 јуни 2026

И денеска сончево и топло, освежување од утре

30 јуни 2026

Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол

30 јуни 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Press OnlineBy Press Online18 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Загреб – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет.

Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина.

„Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката потврдува дека предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ, и тоа поради политиката на актуелните израелски власти“, се наведува во соопштението, при што се додава дека давањето согласност е суверено право на Хрватска и дека никакви јавни или политички притисоци нема да ја променат одлуката.

Амдур, кој беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска на крајот на мај како вршител на работи, позиција за која не е потребно одобрение од претседателот, објави претходно „Тајмс оф Израел“ (Times of Israel), нарекувајќи го Милановиќ „антиизраелски“ политичар.

Израелскиот портал „Инет“ (Ynet) пишува дека ова е првпат хрватски претседател да одбие странски амбасадор, оценувајќи го тоа како „сериозно кршење на дипломатскиот протокол“.

Од кабинетот на Милановиќ возвратија дека Израел го прекршил непишаното правило со тоа што јавно го објавил името на предложениот амбасадор пред тој да добие официјална согласност од земјата-домаќин. Претходно, во март, актуелниот амбасадор Корен беше повикан на разговор на Пантовчак поради неговите изјави во кои го повика Загреб да ги прекине дипломатските односи со Техеран.

Поврзани содржини

Вучиќ: Доколку стапката на раст надмине три отсто, платите и пензиите ќе се зголемат

29 јуни 2026

Ердоган и Мерц телефонски разговараа за подготовките за самитот на НАТО во Анкара

29 јуни 2026

Повторно кавга меѓу Хрватска и Црна Гора за Превлака

29 јуни 2026
НАЈНОВО

На државните патишта од утре се воведува летен времен режим на сообраќај

30 јуни 2026

Иран му порача на Макрон да не ја комплицира ситуацијата: Само ние ќе ги отстраниме мините од Ормуската теснина

30 јуни 2026

И денеска сончево и топло, освежување од утре

30 јуни 2026

Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол

30 јуни 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.