Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ

29 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Левица: Криминалното дувло во Центарот за социјални работи во Тетово се шири – пензија добил и роднина на вработен

Press OnlineBy Press Online18 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов #скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот, се наведува во соопштението на Левица.



И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по покрената постапка од Јавното обвинителство и по признание на ВИНА за несовесно работење во службата и биле задолжени да платат по 18.000 денари – истите не само што продолжиле со работа, туку и натаму продолжува злоупотребата на системот. Ова отвора сомнежи дека станува збор за поширока мрежа на злоупотреби и покажува дека или не постои никаква контрола или намерно ваквите случаи се игнорираат од страна на министерот Фатмир Лимани.

Со ова, министерот Лимани испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици. И во двата случаи одговорноста не смее да заврши неказнета.

Левица уште на почетокот на годината укажуваше и алармираше за случајот во Тетово и побара одговори како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот. Но, од министерот Лимани не само што не добивме одговор, туку за овој случај имаше целосен молк.

Бараме темелна истрага на овие случаи, како и јавна отчетност со конкретни постапки и санкции за сите инволвирани лица во овој скандал. Несанкционирањето на лицата инволвирани во овој начин на злоупотреба на јавни средства значи преќутно одобрување и соучесништво во криминал и корупција.

Социјалната заштита не смее да биде приватен канал за злоупотреба. Додека тоа се случува, секој граѓанин има право да праша: кој навистина ги штити најранливите?

 



Поврзани содржини

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ

29 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.