Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ

29 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Ристов: Се анализира проширување на евтината дневна тарифа за струјата – наместо два, можно е да трае пет часа

Press OnlineBy Press Online18 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најави дека се прави анализа на системот на блок тарифи со цел граѓаните да добијат пониска цена на електричната енергија. Во интервју за Телевизија 24, посочи дека актуелниот систем на блок тарифи е воведен за време на енергетската криза во 2021 и 2022 година, но оттогаш состојбите во енергетскиот сектор значително се промениле.

Од гостувањето на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов на ТВ 24 / Фото: Принтскрин

„Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ, а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните. Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел како регулатори е евтината енергија да дојде до домаќинствата“, рече тој.

Според него, во Македонија во последните десет години има бум во инвестирање во енергетскиот систем, особено во ветерната енергија и обновливите извори. Идејата, како што објасни, е да се искористи зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаични централи и таа да се вклучи во системот, со цел потрошувачите да имаат поголем бенефит.

 

„Тоа се такви големи инвестиции, со што практично е дуплиран капацитетот на праизводство на енергија. Едно време беше филозофијата дека навечер треба да биде евтина тарифата и тогаш граѓаните да ја користат. Но, сега се сменети работите на пазарот и сега, ако ги погледнете берзите, најскапата енергија е навечер. Имаме хиперпродукција на фотоволтаична енергија, која производителите нема каде да ја пласираат. Идејата е како да ја менаџираме таа енергија, да ја внесеме преку државниот систем, дали ЕСМ ќе ја откупува, но крајната цел е граѓаните да ја добијат таа евтина енергија. Наместо да биде 0 цената на берзата, да пробаме да изменаџираме, државата да го намали производството од јаглен преку ЕСМ, да ја откупи енергијата од производителите на фотоволтаици преку ден. И зошто да немаме евтина тарифа пет часа во текот на денот. Не ноќта, туку денски. Бидејќи таа тогаш е евтина на пазарот“,вели Ристов.

За сето ова, како што додаде, потребно е да се направи стручна анализа со Министерството за енергетика, со Владата, со операторите, со дистрибиутерите, со производителите на таа евтина енергија.

 

Ако цената во првата блок тарифа е 4,7 денари по киловат-час, Ристов рече дека може да се направи целата да биде 3,7 денари по киловат-час.

 

„Имаме енергија што ја произведува државата, ама не можеме да ја изменаџираме во нов систем. Идејата е како тие тарифи да ги намалиме, односно да ги прилагодиме на новиот енергетски период. Енергетиката бара динамична работа. Идејата на регуларот е како да дојдеме до користење на евтината електрична енергија која Македонија ја произведува како последица на наглото инвестирање во обновливи извори, како ветерот и сонцето“,кажа тој.

Една од опциите што се разгледуваат, според него, е проширување на евтината дневна тарифа од сегашните два на пет часа.

„Ноќната тарифа ќе остане, но можно е да има промена на временскиот период. Ако на пазарот енергијата е скапа од 19 до 22 часот, нека се помести ноќната од полноќ до сабајле. Но, денски, наместо два, да има пет часа. Сепак, треба да ги видиме резултатите од анализите“, вели тој.

Според него, треба да се најде начин да се мотивираат граѓаните да ја трошат евтината енергија кога таа се произведува, а тоа е преку ден.

 

Анализите, очекува да бидат направени до крајот на летото.

Ристов на почетокот на месецот најави дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија.

Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ.



Поврзани содржини

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ

29 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.