Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

19 мај 2026

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

19 мај 2026

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

19 мај 2026

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

19 мај 2026

Талески: Општините да овозможат бесплатно паркирање за семејства на деца со аутизам

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Поранешниот директор на црногорската АНБ осуден на пет години затвор

Press OnlineBy Press Online18 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора, Дејан Перуничиќ, е осуден на пет години затвор поради наредба за незаконско прислушување и следење на поранешни лидери на опозицијата, новинари и црковни великодостојници од крајот на 2019 до изборите во август 2020 година, јавува агенцијата Бета.

Оперативецот на тајната служба, Срѓа Павиќевиќ, е осуден на една година и четири месеци затвор поради незаконско снимање и следење по усмени наредби на поранешниот шеф на АНБ. Во текот на судската постапка јавноста беше исклучена.

Перуничиќ е осуден бидејќи во периодот од декември 2019 до август 2020 година, противправно ја искористил својата службена положба и овластувањата како директор на АНБ.

Спротивно на Законот за АНБ и без одобрение од претседателот на Врховниот суд на Црна Гора, тој на непознати службеници на Агенцијата им издавал усмени наредби за примена на надзор врз електронските комуникации за одредени телефонски броеви.

Со тоа потешко ги повредил нивните права на почитување на приватниот и семејниот живот, гарантирани со Европската конвенција за човекови права и со Уставот на Црна Гора, се наведува во официјалното соопштение на Вишиот суд во Подгорица. 

Поврзани содржини

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

19 мај 2026

Лидерот на словенечката десница „ја смени песната“ за соработка со Јанша

18 мај 2026

Пукање во јужна Турција. Четири лица загинаа, вооружениот напаѓач е во бегство

18 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

19 мај 2026

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

19 мај 2026

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

19 мај 2026

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

19 мај 2026

Талески: Општините да овозможат бесплатно паркирање за семејства на деца со аутизам

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.