Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол

30 јуни 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки, секоја следна е помала, првиот падна, сега се на ред овие двајца

Press OnlineBy Press Online18 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за српскиот медиум „Нова.рс”, зборува за политичко-финансиската мрежа што ги поврзува Виктор Орбан, Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски.



„Оваа мрежа не ја откриваме од вчера. Ја разобличуваме со месеци, а секој нов ден носи нови потврди. Христијан Мицкоски во Македонија одамна го нарекуваат ‘малиот Вучиќ’. И тоа не е случајно”, вели Филипче.

Тој оценува дека постои целосен „copy-paste” во политиките и реториката на ВМРО и власта на СНС во Србија, особено во однос на поделбите на „патриоти” и „предавници”, како и во однос на кампањите против ЕУ и контролата над медиумите.

„Иста реторика околу ЕУ: ‘може, но достоинствено’, ‘нема да дозволиме да ни го загрозат идентитетот’, ‘нема да отстапиме ниту милиметар’”, посочува Филипче.

 

Во интервјуто тој зборува и за влијанието на Орбан врз медиумскиот простор во Македонија, посочувајќи ги извештаите на OCCRP и BIRN.

 

„Петер Шац и Агнеш Адамик контролираат околу 40% од медиумскиот пазар во Македонија. Тоа е директна врска со Орбан”, потенцира Филипче.

 

Тој додава дека постојат конкретни докази и кривични пријави поврзани со финансирање медиуми преку, лажни маркетинг кампањи со пари кои доаѓале од Унгарија преку Словенија.

 

Филипче говори и за заемот од една милијарда евра од Унгарија, кој е поврзан со кинески пари и нетранспарентни договори.

 

„Истата година кога Мицкоски зема кредит од Унгарија во ист износ, Унгарија земала пари од China Development Bank, Export-Import Bank of China и Bank of China”, истакнува тој.

 

Новата унгарска влада на Петер Маѓар веќе отвора истраги за овие договори, а СДСМ бара такви истраги и во Македонија.

 

Тој најавува дека идната влада на СДСМ ќе отвори ревизија на сите спорни договори поврзани со унгарските кредити, телекомуникациските лиценци и Алта банка.

 

„Сѐ ќе биде прегледано. Сите сомнителни трансакции, кредити, лиценци и медиумски врски – ништо нема да остане под тепих”, порача Филипче.

 

Во интервјуто Филипче зборува и за Законот за нулта толеранција за криминал и корупција, по естонски модел.

 

„Законот за нулта толеранција за криминал и корупција и слободата на медиумите ќе бидат првите задачи на идната влада”, вели претседателот на СДСМ.

 

Филипче одговара и на обвинувањата од ВМРО дека „СДСМ ја криминализира секоја соработка со Србија и Унгарија„.

„Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки. Секоја следна е помала. Првиот падна, сега се на ред овие двајца. за да не испадне дека директно не одговорив на обвинувањата: организираната криминална група нè обвинува дека ја криминализираме секоја нивна соработка? Ќе ви кажам две работи. Прво: Не знам дали некаде во светот постојат сестрински партии преку чија граница поминуваат пет тони дрога, додека тие целосно управуваат со полицијата, царината, обвинителството и судството, а никој да не одговара. Веројатно такво нешто имало во Венецуела. “, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за „Нова.рс.”.

 



Поврзани содржини

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Трамп во случајот на сексуална злоупотреба на писателката Е. Џин Керол

30 јуни 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

30 јуни 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

30 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

30 јуни 2026

Муцунски: Не сме наивни дека Бугарија одеднаш ќе ја смени позицијата, мора да најдеме дипломатски начин да ги намалиме тензиите

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.