Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Има напредок во преговорите со САД, но Гренланд не е на продажба

19 мај 2026

Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

19 мај 2026

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

19 мај 2026

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

19 мај 2026

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница.

Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.

Министерот потсети дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано сомневање дека е стекнат од незаконски извори, независно од исходот на кривичната постапка, сопштуваат од Министерството за правда.

„Низ анализата на постојните законски одредби и консултациите со стручната и академската јавност, институциите и меѓународните партнери, беа утврдени потреби за попрецизно и појасно уредување на повеќе прашања, со цел создавање функционален и правно одржлив систем“, истакна министерот Филков.

Тој нагласи дека новиот Предлог-закон предвидува прецизирање на условите за поведување на постапката, јасно дефинирање на надлежностите на институциите, воспоставување механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност помеѓу имотот и законските приходи, уредување на мерките за обезбедување на имотот, како и заштита на правата на засегнатите и совесните лица.

„Законското решение се темели врз начелата на законитост, пропорционалност, непристрасност, доверливост, транспарентност и итност, при што неговата цел не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со незаконски стекнат имот. Министерството за правда останува посветено на креирање законски решенија кои ќе овозможат ефикасна борба против незаконското богатење, корупцијата и организираниот криминал, како и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите и правдата“, се нагласува во соопштението од Министерството за правда.

Поврзани содржини

Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

19 мај 2026

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

19 мај 2026

Талески: Општините да овозможат бесплатно паркирање за семејства на деца со аутизам

19 мај 2026
НАЈНОВО

Има напредок во преговорите со САД, но Гренланд не е на продажба

19 мај 2026

Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

19 мај 2026

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

19 мај 2026

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

19 мај 2026

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.