Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Албански студенти од Тирана патуваа во Република Македонија за да го поддржат вчерашниот протест во Скопје

19 мај 2026

Ден на жалост во Дрниш, Лука ќе биде погребан во матурскиот костум: Убиецот 40 години зад решетки

19 мај 2026

Поранешниот шпански премиер Запатеро е под истрага за злоупотреба

19 мај 2026

(ФОТО) Филипче во операциона сала: Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот

19 мај 2026

Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДС и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДС и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси. Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС.

Абази кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али Ахмети ќе му каже.

Коларевиќ и Абази, застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите на СДС и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница.

Што стои зад запирањето на постапката? Дали корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката?

Недозволиво е обвинители да се однесуваат како продолжена рака на политички центри на моќ. Недозволиво е институциите да ги игнорираат сомнежите, извештаите и информациите кои со месеци ја брануваа јавноста. Уште понедозволиво е јавноста да остане без одговор како и зошто е стопирана постапка за афера тешка 167 милиони евра.

Потребна е итна, независна и целосна истрага за сите аспекти на случајот „Мазут“, како и одговорност за секој што евентуално ја злоупотребил својата функција. Граѓаните заслужуваат правда, а не политички договори и институционален молк.

Времето на неказнивост мора да заврши.

 



Поврзани содржини

Албански студенти од Тирана патуваа во Република Македонија за да го поддржат вчерашниот протест во Скопје

19 мај 2026

(ФОТО) Филипче во операциона сала: Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот

19 мај 2026

Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

19 мај 2026
НАЈНОВО

Албански студенти од Тирана патуваа во Република Македонија за да го поддржат вчерашниот протест во Скопје

19 мај 2026

Ден на жалост во Дрниш, Лука ќе биде погребан во матурскиот костум: Убиецот 40 години зад решетки

19 мај 2026

Поранешниот шпански премиер Запатеро е под истрага за злоупотреба

19 мај 2026

(ФОТО) Филипче во операциона сала: Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот

19 мај 2026

Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.