Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа

19 мај 2026

Луфтханза ја укинува директната линија Франкфурт – Скопје

19 мај 2026

Се урна дел од мост на границата меѓу Хрватска и БиХ

19 мај 2026

Домашниот одмор веќе не е „евтина“ опција за граѓаните

19 мај 2026

САД откажуваат дел од воената соработка со Канада

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Има напредок во преговорите со САД, но Гренланд не е на продажба

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нук – Владата на Гренланд соопшти дека е постигнат напредок во преговорите на високо ниво со САД за иднината на територијата, но нагласи дека огромниот остров, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го добие, никогаш нема да биде продаден.

Специјалниот пратеник на САД за Гренланд, Џеф Ландри, назначен од Трамп минатата година со цел да изврши притисок за американски контрола врз островот, завчера пристигна во Нук, каде што вчера се сретна со премиерот Јенс-Фредерик Нилсен и со министерот за надворешни работи Муте Егеде.

– Сметаме дека има напредок и од гренландска страна сме фокусирани на наоѓање решенија кои се добри за сите нас. Најважно е што заканите за анексија, преземање или купување на Гренланд и гренландскиот народ не се случија – изјави Нилсен по средбата со Ландри. Американскиот пратеник засега нема официјално соопштение, но за локалните медиуми изјави дека е дојден „да слуша и да учи“.

Желбата на САД да го купат или контролираат Гренланд – полуавтономна данска територија – предизвика сериозни тензии меѓу Вашингтон и Копенхаген како сојузници во НАТО, но и со цела Европа. – Тие побараа средба, а ние ја објаснивме нашата позиција и нашите црвени линии – нема да го продадеме Гренланд, ние ќе го поседуваме засекогаш – истакна Егеде.

Со цел намалување на тензиите, Гренланд, Данска и САД претходно годинава се договорија да водат дипломатски преговори на високо ниво. САД сакаат да го засилат своето воено присуство таму и го вклучија островот во планираниот одбранбен систем на Трамп против нуклеарни напади, наречен „Златна купола“. Вашингтон во моментов има една активна вселенска база на островот, наречена „Питуфик“. 

Поврзани содржини

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа

19 мај 2026

САД откажуваат дел од воената соработка со Канада

19 мај 2026

Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина

19 мај 2026
НАЈНОВО

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа

19 мај 2026

Луфтханза ја укинува директната линија Франкфурт – Скопје

19 мај 2026

Се урна дел од мост на границата меѓу Хрватска и БиХ

19 мај 2026

Домашниот одмор веќе не е „евтина“ опција за граѓаните

19 мај 2026

САД откажуваат дел од воената соработка со Канада

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.