Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Истражување: Речиси една четвртина од германските компании не би инвестирале повторно во Србија

20 мај 2026

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место

20 мај 2026

На Одборот за мир на Трамп за Газа му требаат пари. Многу малку уплатиле

20 мај 2026

Наредната недела ќе имам средба со Фетаи и ке биде појасно, вели Мицковски и потврдува дека „исчезнатиот“ уште бил министер

20 мај 2026

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Виктор Габер побара од пратениците да распишат референдум за ЕУ

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат на Македонија, поднесе преставка до Собранието со која бара пратениците да покренат постапка за организирање референдум околу членството на државата во Европската унија.



Притоа тој се повикува на Декларацијата за развој на односите наМакедонија со Европската унија од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон ЕУ унија усвоени од пратениците, во смисла – ако веќе се декларирале така, да направат нешто да се оствари членството на Македонија во ЕУ.

Во преставката Габер го цитира и прашањето за референдумот: „Барам, како мои претставници, вие, пратениците на Собранието веднаш, согласно чл. 68 од Уставот и член 20, став 2 од Законот за референдум, да покренете постапка за распишување на референдум со прашање Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите …„бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ…“?

„Оваа држава има континуитет заснован на Референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година.Во сите тие документи се определува нашата стратешка определба за членство во Европската унија. Тие имаат јасна правна и политичка траекторија, заснована на базичните уставни одредби, усвоени во Собранието, во нашата највисока демократски избрана институција која одлучува за мојот развој и безбедност, но и за моето семејство и за нашиот народ, за секој наш граѓанин.

Заради обврските кои произлегуваат од наведените собраниски документи, како и заради ветувањата што сте ги дале пред гласачите, а кои произлегуваат и од вашите предизборни програми, сметам дека вие како наши пратеници сте свесни дека имате полна морална, материјална и кривична одговорност да ни обезбедите стабилен развој и безбедност.

Распишувањето на референдумот, како највисок израз на волјата на граѓаните на нашта држава и нивната волја ќе ги потврдат вашите определби искажани во горните документи за нашиот иден развој. Доколу на референдумот мнозинството граѓани го заокружат одговорот „ЗА“ за вие пратениците во Собранието да ја извршите промената искажана во прашањето, нема да има ваша обврска за усвојување на други документи. Но, доколку мнозинството наши граѓани го заокружат одговорот „ПРОТИВ“, вие, во нивно име, ќе треба да ги поништите сите досегашни од вас усвоени документи за нашата стратешка ориентација членството во Европската унија – и да усвоите нова стратешка ориентација на државата“, стои во образложението на барањето.



Поврзани содржини

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место

20 мај 2026

Наредната недела ќе имам средба со Фетаи и ке биде појасно, вели Мицковски и потврдува дека „исчезнатиот“ уште бил министер

20 мај 2026

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти

20 мај 2026
НАЈНОВО

Истражување: Речиси една четвртина од германските компании не би инвестирале повторно во Србија

20 мај 2026

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место

20 мај 2026

На Одборот за мир на Трамп за Газа му требаат пари. Многу малку уплатиле

20 мај 2026

Наредната недела ќе имам средба со Фетаи и ке биде појасно, вели Мицковски и потврдува дека „исчезнатиот“ уште бил министер

20 мај 2026

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.