Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера – Телма дознава дека сомнителниот ИТ администратор е суспендиран додека трае истрагата

20 мај 2026

Ши го пречека Путин со голема помпа

20 мај 2026

Рубио и понуди помош на Куба

20 мај 2026

По најавата за собир за Вучиќ во Куманово, Мицкоски порача: „Не поддржувам надворешно мешање“

20 мај 2026

Обединетите нации проценуваат дека 15.850 луѓе се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Го прекршија Законот за знамиња, за државна химна и Уставот – вели Мицкоски за протестот за полагање на правосудниот испит на албански

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го поддржува правото на протест како демократска вредност, но дека на завчерашниот протест на студентите Албанци, на кој побараа да им се овозможи правосудниот испит да го полагаат на албански јазик се прекршени законите и Уставот.



„Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право и тука немам дилема“ кажа Мицкоски, одговарајчи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров.

Сепак, додаде и дека му пречи однесувањето на дел од учесниците на протестот, за кои, кажа дека ги прекршувале законските одредби.

„Мене лично ми пречи што протестантите, кои се правници и се борат за право, го прекршуваат Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот и така натаму“ рече премиерот.

Посочи дека нема да ги коментира навредите и инцидентите за време на протестот, и, како што рече, насилниот инцидент што се случил.

„Ајде, навредите нема да ги коментирам, тоа е сепак домашно воспитување што во првите седум години од животот се стекнува, нема да го коментирам ни оној инцидент насилен којшто се случи“,вели премиерот.

Мицкоски не сакаше да ги коментира ниту, како што рече, надворешни влијанија во внатрешните политички процеси во земјата.

„Тоа ќе го оставиме како фолклор“,додаде тој.

Најави дека Владата работи на трајно решение за прашањата поврзани со правосудниот испит и други наследени проблеми.

Упати критика кон опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), додавајќи дека партијата имала две децении да ги реши овие прашања.

„Тие имаа можност 20 години да ги решат овие прашања, но не направија ништо“,вели премиерот. .

Одредени поранешни функционери, како што рече, се збогатиле на сметка на политичките позиции и јавните интереси.

„Затоа решија многу лични прашања. Ако ја споредите имотната состојба, ќе видите како од голтари се станува милионери, на грбот на националните пароли и на грбот на луѓето коишто мака мачат како од први до први да го поминат месецот“,кажа Мицкоски.

Фото: Скопје1



Поврзани содржини

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера – Телма дознава дека сомнителниот ИТ администратор е суспендиран додека трае истрагата

20 мај 2026

Рубио и понуди помош на Куба

20 мај 2026

По најавата за собир за Вучиќ во Куманово, Мицкоски порача: „Не поддржувам надворешно мешање“

20 мај 2026
НАЈНОВО

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера – Телма дознава дека сомнителниот ИТ администратор е суспендиран додека трае истрагата

20 мај 2026

Ши го пречека Путин со голема помпа

20 мај 2026

Рубио и понуди помош на Куба

20 мај 2026

По најавата за собир за Вучиќ во Куманово, Мицкоски порача: „Не поддржувам надворешно мешање“

20 мај 2026

Обединетите нации проценуваат дека 15.850 луѓе се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.