Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Млад британски војник падна од коњ и почина. На Кралскиот саем во Виндзор беше и кралот Чарлс

20 мај 2026

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши – какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека токму одбивањето на ВМРО да го поддржи предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери е потврда за сето ова.

„Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зошто тоа го направија, затоа што пола Влада требаше веднаш да си замине. Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши“, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче додаде дека Владата на ВМРО има двојни стандарди кога станува збор за односот кон Бугарите во Уставот и функционерите со бугарски пасоши.

„Може целата Влада да биде составена од луѓе кои што во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот, е тоа не може“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека власта со години шири страв и манипулира со темата за националниот идентитет, иако највисоките функционри на ВМРО признаа дека клучните државни договори и стратешки определби се исправни.

„Какво лицемерие и какво лажење на сопствените граѓани. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет, јазикот, културата. Па признаа дека благодарение на НАТО, нашата безбедност е гарантирана и тоа придонесува за подобра бизнис клима. И сега дојде време за уште едно признание, дека Мицкоски има влада полна со луѓе со бугарски пасоши и бугарски државјанства“, рече Филипче.

Поврзани содржини

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026
НАЈНОВО

Млад британски војник падна од коњ и почина. На Кралскиот саем во Виндзор беше и кралот Чарлс

20 мај 2026

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.