Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Фуркан Салиу: За две години власта ја врати меѓуетничката омраза и го блокираше патот кон ЕУ

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новинарот Фуркан Салиу преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години, обвинувајќи ја партијата за сериозно уназадување на демократските процеси, економијата и меѓуетничките односи во државата.

Во својата реакција, Салиу набројува низа, според него, негативни ефекти од политиките на власта. Тој тврди дека за само две години ВМРО-ДПМНЕ успеала да ја врати меѓуетничката омраза и да отвори теми кои, како што посочува, биле затворени уште со воениот конфликт.

Дополнително, новинарот ја обвинува владејачката партија за блокирање на евроинтегративниот пат на земјата, како и за партизација на судството и обвинителството. Осврнувајќи се на состојбата во општеството, тој посочува дека власта ги извадила студентите на улица, потсетувајќи дека претходно долг период протестирале и македонските студенти.

Особено загрижувачко, според Салиу, е замолчувањето на јавната критика. Тој тврди дека речиси сите критички медиуми во земјата се „избришани“.

Оваа ситуација, оценува новинарот, произведува нестабилна политичка состојба која директно се одразува на економијата преку намалување на странските инвестиции. На меѓународен план, Салиу смета дека економските интереси ја оставиле земјата со само двајца бизнис-политички сојузници, од кои „едниот веќе е минато, а другиот е на пат да стане минато“. Според него, ваквата надворешна политика создава нови непријателства со помоќните држави.

„Тие можат да ве лажат дека и сами ќе опстанеме, само за да добијат избори, но кога ќе ве удри шлаканицата на реалноста, тогаш ќе биде доцна“, предупредува Салиу на крајот од својата објава, прашувајќи јавно дали таквото владеење е вистински патриотизам и љубов кон државата.

Ј. Ѓ.

Поврзани содржини

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.