Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Млад британски војник падна од коњ и почина. На Кралскиот саем во Виндзор беше и кралот Чарлс

20 мај 2026

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за култура на СДСМ упати остри критики до министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го за селективност при распределбата на средствата од игрите на среќа. Според опозициската партија, најавата на министерот за обезбедување средства за филмската индустрија и туризмот го остава останатиот дел од културниот сектор целосно на маргините.

Од СДСМ реагираат дека со ваквиот потег, музеите, театрите, библиотеките, архивите, галериите, независната сцена и културното наследство повторно се третираат како „небитен трошок“, наместо како темел на македонскиот идентитет. Во таа насока, од партијата јавно прашуваат дали актуелната Влада признава вредност само на она што носи профит.

„Туризмот е комерцијална дејност. Филмот има и културна и економска димензија. Но што е со останатата култура? Што е со институциите кои ја чуваат меморијата на народот? Што е со уметниците кои не снимаат блокбастери, туку создаваат национална култура?“, прашуваат од Комисијата за култура на СДСМ.

Во соопштението се прави и паралела со европските држави, како Холандија и Велика Британија, каде, како што посочуваат од партијата, државата разбира дека културата е национално достоинство и дел од средствата од игрите на среќа директно ги насочува кон културното наследство. За разлика од тоа, СДСМ го обвинува Љутков дека создава нови неправди и фаворизира само дејности што можат „маркетиншки да се продадат“.

Според ставот на опозицијата, доколку министерот навистина сакал да биде праведен, требало да предложи дел од овие средства да бидат наменети и за заштита на културното наследство, музејската дејност, современата уметност, независната сцена, младите уметници, библиотеките и културниот развој во внатрешноста на државата.

На крајот од својата реакција, од СДСМ заклучуваат дека за оваа власт културата очигледно вреди само ако „носи билет, профит или туристичка разгледница“, порачувајќи дека без силна култура нема ниту идентитет, ниту иднина.

Поврзани содржини

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026
НАЈНОВО

Млад британски војник падна од коњ и почина. На Кралскиот саем во Виндзор беше и кралот Чарлс

20 мај 2026

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

20 мај 2026

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.