Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

Press OnlineBy Press Online20 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Насилството врз жените и девојчињата, како и јакнењето на институционалниот одговор, беа во фокусот на денешната средба меѓу Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, и д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија.

Според собраниското соопштение, соговорниците се согласиле дека за справување со насилството врз жените е неопходен интегриран и координиран пристап, со силна меѓусекторска соработка, при што посебен акцент е ставен на активната улога на здравствениот систем. Беше нагласено дека здравствените услуги често се првата точка на контакт за жените жртви на насилство, поради што е од клучно значење здравствените работници навремено да ги препознаат знаците и да обезбедат соодветна поддршка и упатување. Во таа насока, потенцирана е и важноста насилството соодветно да биде препознаено во здравствената регулатива и стратешките документи.

На средбата, како што информираат од Собранието, се разговарало и за пошироките аспекти на родовата еднаквост и социјалната правда. Беа опфатени предизвиците со кои се соочуваат жените во политиката, економијата и секојдневниот живот. Како конкретен пример за важноста на социјалната и здравствената еднаквост, било посочено прашањето за породилното отсуство на жените во земјоделството.

За време на разговорот била истакната и улогата на собраниската Комисија, која, како што се наведува, досега има одржано надзорни и јавни расправи посветени на насилството врз жените и спроведувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Истовремено, нагласена е потребата од континуитет во институционалниот одговор и следење на имплементацијата на законските обврски.

Од Комисијата за еднакви можности порачуваат дека остануваат посветени на унапредување на политиките и законските решенија за поголема заштита и еднаквост на жените. Од друга страна, СЗО најавува продолжување на соработката со институциите и партнерите од ОН за зајакнување на координираниот одговор, со цел да се обезбеди систем кој ќе ја препознае, заштити и поддржи секоја жена.

Поврзани содржини

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

20 мај 2026

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица ранети

20 мај 2026

Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

20 мај 2026

Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

20 мај 2026

Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обештетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден

20 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.