Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Огромен скандал ја тресе Србија, Вучиќ дава бизарни изјави. „Сакаат да заташкаат сè“

21 мај 2026

Британска радио станица по грешка објави дека кралот Чарлс починал

21 мај 2026

Мицкоски: Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината

21 мај 2026

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

21 мај 2026

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување за државните и националните интереси затоа што, како што рече, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца.

– Денес сме овде, во Разловци, на оваа света земја, за да одбележиме 150 години од Разловечкото востание. Стоиме исправени пред историјата, пред жртвата и пред споменот на луѓето, кои во едно тешко и мрачно време ја избрале најтешката, но и најсвета патека – патеката на слободата – рече Мицкоски.

Разловечкото востание, потенцира тој, не беше само оружен отпор, туку будење на народната свест. – Тоа беше првиот силен крик на народот дека сака да живее свој на своето, достоинствено, слободно и исправено. Во овие села, по овие ридови и планини, се роди мислата дека татковината не е само земја, туку идеал за кој вреди да се страда, да се жртвува и да се живее – нагласи премиерот Мицкоски.

Потсети дека тие луѓе немале држава зад себе, немале моќни армии и големи сили што ќе ги заштитат, но имале нешто што е посилно од секое оружје – љубов кон татковината и вера дека нивната борба е праведна.

– И токму затоа Разловечкото востание денес не е само историски настан. Тоа е темел. Тоа е првата искра што подоцна ќе прерасне во големиот пламен на револуционерната борба, на Илинден, во Крушевската Република, во сите жртви и сите генерации што ја носеле татковината во срцето – рече Мицкоски.

Историјата не е приказна затворена во учебници, таа е жива лекција, предупредување, завет, додаде тој.

– И кога денес се поклонуваме пред хероите од Разловци, мора да разбереме дека нивната борба не била само за тогашното време. Таа борба трае и денес, само во поинаква форма. Денес, татковината не ја браниме со пушка в рака. Денес, ја браниме со мудрост, со работа, со економски развој, со силни институции, со образование, со национално единство и со достоинствено водење на државата. Но, суштината останува иста – дали ќе имаме доволно храброст да останеме свои и да не дозволиме никој да одлучува наместо нас – рече премиерот.

Затоа, денес, од Разловци, потенцира тој, мора гласно да кажеме дека оваа држава не смее да биде држава на понижувања, отстапки и распродажби. – Овој народ премногу страдал за да дозволи некој лесно да тргува со неговата чест, но и идентитет и историја – истакна Мицкоски.

Според него, мора да извлечеме и поука од минатото. – Оваа земја најмногу страдала тогаш кога однатре имало луѓе подготвени за личен интерес да ја наведнат државата. Народот мора да биде внимателен кому му ја доверува иднината. Да не им верува на оние што лесно се нудат за власт, а никогаш не покажале подготвеност да се жртвуваат за татковината. На оние што пред народот зборуваат за патриотизам, а зад затворени врати им даваат подароци и отстапки на оние што не ѝ мислат добро на државата – рече премиерот во обраќањето во Разловци.

Потсети дека историјата нè научила дека државата не се губи одеднаш, туку дека таа се губи чекор по чекор, кога некој ќе почне да се откажува од достоинството, од вистината, од народот. – И затоа денес нашата обврска е да бидеме мудри, да бидеме будни и да не дозволиме никој повторно да ја продава како евтина политичка монета – потенцира Мицкоски.

Оваа држава, рече тој, не е создадена со договори зад затворени врати, туку е создадена со жртви, со крвта на комитите, револуционерите, илинденците и сите оние што низ вековите верувале дека слободата мора да постои.

– Ние сме малоброен народ, но народ со огромна душа. Народ што поминал низ поделби, неправди, војни и негирања, а сепак опстанал. И затоа никој нема право да ја потценува силата на народот – рече тој.

Мицкоски потенцира дека нашата генерација има должност да изгради држава што ќе биде достојна за жртвата на тие луѓе, држава во која младите ќе сакаат да останат, држава со правда, со ред, со економија, која ќе отвора можности, држава што нема да живее од минатото, туку ќе ја гради иднината врз темелите на својата историја.

– Мора да се обединиме за државните и националните интереси. Затоа што ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината. Ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца – рече премиерот.

Кога ќе ги погледнеме овие планини и овие села, посочи тој, треба да се сетиме дека оваа земја опстанала затоа што секоја генерација имала луѓе што биле подготвени да застанат во нејзина одбрана.

– Денес, можеби времињата се поинакви, но обврската е иста – потенцира премиерот Мицкоски.

Министерот за култура Зоран Љутков во својот говор истакна дека јунаците на Разловци не ја победија империјата, но ја победија тишината.

– Да не постеоја малите и неуспшни востанија, немаше да постојат ни големите победи. Разловци е токму такво село, кое пред еден и пол век се осмели да разговара со вечноста – рече Љутков.

Народ што ја чува сопствената меморија, потенцира тој, ја чува и својата иднина.

За реконструирање на Спомен-домот на Разловечкото востание се вложени приближно дваесет милиони денари.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, во својот говор најави дека ќе биде поднесена граѓанска иницијатива Разловци да биде заштитена историска целина, а 19 мај да биде прогласен за неработен ден.

На одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание многубројни делегации положија свежо цвеќе пред реконструираниот Спомен-дом на Разловечкото востание.

Поврзани содржини

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

21 мај 2026

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

21 мај 2026

Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

21 мај 2026
НАЈНОВО

Огромен скандал ја тресе Србија, Вучиќ дава бизарни изјави. „Сакаат да заташкаат сè“

21 мај 2026

Британска радио станица по грешка објави дека кралот Чарлс починал

21 мај 2026

Мицкоски: Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината

21 мај 2026

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

21 мај 2026

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.