Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка

21 мај 2026

Новата унгарска влада со маневар сака да го спречи враќањето на Орбан на власт

21 мај 2026

Зеленски ја одложи посетата на Србија

21 мај 2026

СДСМ: Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни

21 мај 2026

Нападнат руски град на 700 км од украинската граница. Погодена е рафинеријата, а има и жртви

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Рики Мартин со бесплатен концерт за 20 години независност на Црна Гора

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Подгориц- Поп-ѕвездата од Порторики со светска кариера,  иот пејач Рики Мартин пристигна во Подгорица, каде што во четврток ќе одржи голем концерт по повод 20-годишнината од враќањето на независноста на Црна Гора. Неговото пристигнување предизвика огромен интерес кај јавноста и медиумите низ целиот регион.

Пејачот слета на аеродромот во Подгорица, каде што беше пречекан од вработените и бројни обожаватели. Фотографиите од аеродромот брзо се проширија на социјалните мрежи.

Спектакл на Плоштадот на независноста
Концертот ќе се одржи на Плоштадот на независноста во Подгорица, а влезот ќе биде бесплатен за граѓаните и посетителите. Организаторите најавуваат дека ова е еден од најголемите музички настани во регионот оваа година.

Рики Мартин претходно објави на Инстаграм: „Црна Гора, се гледаме наскоро“, што дополнително го разбуди интересот на публиката. Покрај него, за време на повеќедневната прослава ќе настапат и бројни уметници од регионот, меѓу кои Сергеј Ќетковиќ, Кнез и Бојан Маровиќ.

Светска латино ѕвезда
Рики Мартин, чие вистинско име е Енрике Мартин Моралес, е роден на 24 декември 1971 година во Сан Хуан, Порторико. Тој стекна меѓународна слава како латино поп пејач и поранешен член на групата Menudo, а подоцна имаше успешна соло кариера со хитови како „Livin’ la Vida Loca“, „She Bangs“ и „La Copa de la Vida“.

Покрај музиката, тој се занимава и со глума и хуманитарна работа, особено во областа на заштитата на децата и човековите права. Се смета за еден од изведувачите кои ја популаризираа латино музиката на светската сцена кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите.

Поврзани содржини

Зеленски ја одложи посетата на Србија

21 мај 2026

Во тек е потрагата по инструктор по нуркање (26) во близина на Локрум. Уште 7 нуркачи пристигнуваат на помош

21 мај 2026

Огромен скандал ја тресе Србија, Вучиќ дава бизарни изјави. „Сакаат да заташкаат сè“

21 мај 2026
НАЈНОВО

Утре во Шведска Муцунски на билатерална средба со бугарската колешка

21 мај 2026

Новата унгарска влада со маневар сака да го спречи враќањето на Орбан на власт

21 мај 2026

Зеленски ја одложи посетата на Србија

21 мај 2026

СДСМ: Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни

21 мај 2026

Нападнат руски град на 700 км од украинската граница. Погодена е рафинеријата, а има и жртви

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.