Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи Патриот

2 јуни 2026

Пресврт во истрагата за малата Данка Илиќ: Ослободен еден од обвинетите

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ отвора пат за нова истрага за милионскиот скандал со „Мазут“ и е доказ за непрофесионално постапување на обвинителите Коларевиќ и Абази

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази не воделе професионална истрага, туку политички мотивирана операција за спас на блиски луѓе до СДС и ДУИ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Официјалниот приговор на ЕСМ е директен доказ дека доказите биле селективно ценети, а клучни факти и сомнежи намерно игнорирани за да се затвори скандалот тежок 167 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.

Коларевиќ и Абази не ја прекинале истрагата затоа што немало сомнежи и докази, туку затоа што поради лични и семејни релациии одлучиле да штитат моќници блиски до СДС и ДУИ.

Скандалозно е што обвинителството дел од доказите за кривичната одговорност неосновано ги иземало како изговор за прекинување на постапката, а истовремено не обезбедило ниту распит на Васко Ковачевски. Тоа не е правда, туку свесно компромитирање на постапката.

Приговорот на ЕСМ отвора сериозна можност истрагата повторно да се активира и конечно да се утврди кој го оштетил државниот буџет и во чиј интерес се носеле вакви срамни обвинителски одлуки.

Приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот Мазут и за корекција на ова контроверзно решение за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази. Приговорот на ЕСМ е нова околност според којашто прекинатата истрага за мазут може да продолжи, бидејќи ЕСМ е оштетено правно лице коешто ги побива изјавите на Коларевиќ и Абази како обвинителски тандем, којшто им дал повластена улога и им поклонил поголема верба на исказите на Капушевски, Јахоски, Адријан Муча, Ерџан Сулкоски, а воопшто го немале ниту достапен Васко Ковачевски.

Обвинителството мора да одлучи дали ќе биде сервис на политички и бизнис-центри на моќ на СДС и ДУИ, или институција што гони криминал.

Секој што учествувал во незаконитости мора да одговара.



Поврзани содржини

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026

Тетовец (47) пронајден починат во стан – нема траги на насилство

2 јуни 2026

Зеленски повторно побара од Трамп противвоздушни системи Патриот

2 јуни 2026

Пресврт во истрагата за малата Данка Илиќ: Ослободен еден од обвинетите

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.