Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе

23 мај 2026

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Протест во Белград: Полицијата го исполнува Ќациленд

23 мај 2026

Притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило на скопската обиколница

23 мај 2026

Иран: Нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка за договор со САД, ќе биде „предмет на посебни дискусии“

23 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Фрчкоски: Набавката на 150 автобуси за Скопје пропаднала поради наместен тендер поскап за 12 милиони евра

Press OnlineBy Press Online23 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за корупција и нерегуларности во постапката за набавка на нови автобуси за потребите на главниот град.

Фрчкоски покажа документ за кој тврди дека е официјална претставка до Министерството за транспорт која директно ја потврдува нивната теза за фаворизирање на одредена компанија блиска до унгарските власти.

„Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе доцнат, ќе се варат или ќе мрзнат“, изјави Фрчкоски.

Според опозицијата, иако основниот критериум во јавниот повик бил избор на најниска понудена цена, надлежните се одлучиле за значително поскап понудувач.

„Разликата е шокантна: постоела понуда која е поевтина за 12 милиони евра! Или по автобус, точно 78,563 илјади евра. ВМРО-ОКГ планирала да го оштети буџетот и граѓаните за речиси 12 милиони евра! Толку им е тарифата“, потенцираше претставникот на СДСМ.

Тој додаде дека за поевтината понуда надлежните структури биле писмено предупредени уште во текот на ноември 2024 и дополнително во декември 2025 година, но свесно продолжувале со процесот.

Поради наводните прекршувања, Фрчкоски најави дека случајот веќе го презема американски правен тим кој за настанот ќе информира високи меѓународни институции.

„Поради скандалозното однесување, случајот го презема американскиот адвокатски тим „The Ticktin Law Group“, кој најавува дека за овој меѓународен скандал ќе ги извести Белата куќа, Стејт департментот и Американската амбасада во Скопје“, соопшти тој.

На крајот, од СДСМ побараа итна реакција од домашните правосудни органи за отворање истрага и утврдување на одговорност за пропаднатиот тендер.

Повеќе на press24.mk 



Поврзани содржини

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило на скопската обиколница

23 мај 2026

(Видео) Невреме со силен пороен дожд и засилен ветер го зафати Скопје

23 мај 2026
НАЈНОВО

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе

23 мај 2026

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Протест во Белград: Полицијата го исполнува Ќациленд

23 мај 2026

Притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило на скопската обиколница

23 мај 2026

Иран: Нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка за договор со САД, ќе биде „предмет на посебни дискусии“

23 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.