
Со хумор и шега, од селото Куново објавија снимка на која се гледа како два зајаци „се тепаат“, а видеото брзо привлече внимание на социјалните мрежи.
„Нарушени меѓузајачки односи во селото“, напишаа од Куново во описот на снимката.
На видеото се гледа како двата зајаци стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, оставајќи впечаток како да се во вистинска расправија.
Куново се наоѓа во Општина Гостивар, а снимката предизвика бројни реакции и коментари кај корисниците на социјалните мрежи..

