Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, како што истакна пратеникот Сашко Јанчев, со нив се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби, пишува во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Како што појасни Јанчев, народот во Македонија изминатата деценија континуирано се спротивставува на отворањето рудници преку протести, трибини, блокади и локални референдуми, кои во повеќе општини завршиле успешно.

„Тоа е повеќе од јасен показател дека ископот на македонската руда не е само прашање на профитабилност на рударското лоби, туку станува збор за поширок јавен интерес кој власта не смее да го игнорира“, вели Јанчев.

Според Левица, наместо да го почитува отпорот на граѓаните, власта влегла во „уште едни збрзани измени“ на Законот за минерални суровини, направени, „по желба на рударското лоби“.

Јанчев објасни дека со спорните измени се дозволува издавање дозвола за копање руда уште пред да заврши постапката за експропријација, односно пред земјиштето од приватна да премине во државна сопственост. „Тоа е во директен судир со постојниот Закон за минерални суровини, кој предвидува дека пред да се даде дозвола за копање, треба претходно да се даде концесија за експлоатација“.

Од партијата додаваат дека измените се спротивни и на Законот за експропријација, кој предвидува дека пред доделување концесија мора да заврши експропријацијата и имотот да премине во државна сопственост. „Било кој во државата, доколку сака да прави нешто на некоја недвижност, должен е прво да ги реши имотно-правните односи, освен рударското лоби согласно предметните измени. Со тоа сите други граѓани и правни лица се ставаат во подредена положба пред законите и Уставот“, вели Јанчев.

Партијата смета дека измените се спротивни и на член 30 од Уставот, кој го гарантира правото на сопственост, како и на член 9, според кој сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. „Поради сето ова, пратеничката група на Левица во понеделник ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд со која ќе бара поништување на предметните измени“.



Поврзани содржини

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот

24 мај 2026
НАЈНОВО

Лице од беровско приведено во Струмица, во неговото возило пронајдени дрога, оружје и муниција

24 мај 2026

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи

24 мај 2026

Мачадо најави нова кандидатура за претседателка на Венецуела

24 мај 2026

Сали Бериша реизбран за лидер на албанските демократи

24 мај 2026

Левица најави иницијатива до Уставен за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.